Овој рецепт за тулумби во ладно масло го знам 1968 година, всушност стар е колку мене, па затоа го сметам за „оригинален“. По овој рецепт, тулумбите ми излегуваат највкусни и најдобри, сум пробувала и други, но често се случувало да го немаат тој вкус што го посакувам.




Всушност тајната е тоа што тулумбите се пржат во ладно масло. Кога се пржат во ладно масло, тулумбите излегуваат воздушести и меки во внатрешноста, а крцкави од надворешноста. Никогаш не прегоруваат, ниту се создава пена. Плус сами се превртуваат во пржењето.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 250 мл вода, 250 мл млеко, 50 мл масло, 300 г брашно, 5 јајца. ЗА ШЕРБЕТ: 500 мл вода, 750 г шеќер, 1/2 лимон по желба.

ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете 250 мл млеко и толку вода. Тенџерето ставете го на рингла и оставете да зоврие. Додајте 50 мл масло и ставете на рингла течноста да зоврие.




Додека се загрева млекото, настрана подгответе 300 г брашно. Додајте го брашното во зовриената течност и брзо мешајте додека да се формира топка тесто, готово е кога ќе забележите дека се одвојува од дното на тенџерето. Потоа префрлете го во некој друг сад за побрзо да се олади. промешувајте го повремено.




Во оладеното тесто започнете да додавате едно по едно, вкупно пет јајца со средна величина. Кога ќе ставите едно јајце, добро измесете го тестото додека целосно да се инкорпорира во него, па дури потоа додајте го следното јајце.




Ако тестото го миксате со миксер, тогаш за петте јајца ќе ви бидат потребни вкупно дваесет минути. Добиеното тесто ставете го во шприц од каде ќе ги истискувате, а со помош на ножички ќе ги сечете со големина по ваша желба, идеално е тулумбите да бидат долги 5-6 см.




Тулумбите се пржат во длабоко масло, додека едните се пржат, другото масло се лади. Топлите тулумби се ставаат во ладен шербет, па затоа можеби најдобро е тој да се направи претходниот ден. Се оставаат во шербетот додека другата тура да се испржи.

За шербет: 750 г шеќер и 500 мл вода ставете на оган, па од моментот на зовривање оставете да се вари 10 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт за тулумби без шербет кои се служат како закуска, наросени само со шеќер во прав:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл вода, 125 г путер или маргарин, 1 лажичка шеќер, ½ лажичка сол, 3-5 јајца, 300 мл брашно, 1 лажичка ванила, 1 литар масло за пржење, шеќер и цимет за валкање.

ПОСТАПКА: На оган ставете вода, путер, сол и шеќер, па откако ќе зоврие додајте го брашното и ванила, па мешајте околу 3 минути додека да се формира тестото како топка и да се одвои од садот.

Тестото оставете го целосно да излади, а потоа во него додавајте едно по едно јајце. Месете рачно или со миксер со специјални маталки за тесто. Откако претходното јајце ќе се соедини во тестото и целосно ќе се впие, тогаш додајте го следното јајце и продолжете со мешање.




Откако ќе ги измесите сите јајца, тестото ставете го во шприц за тулумби. Еден литар масло ставете во тава на оган да се загрее но не премногу. Со дрвена лажица проверете дали е загреано: дршката од лажицата ставете ја во маслото, а ако започнат да се појавуваат меурчиња околу лажицата, тогаш доволно се загреало.




Со помош на шприцот истиснувајте долги тулумби и со ножици сечете ги. Внимавајте, не ги правете преголеми или премногу, затоа што многу нараснуваат.

Пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат, а потоа вадете ги на хартиена салветка за да се исцеди вишокот маснотија. Валкајте ги во шеќер помешан со цимет. Излегуваат доста, уживајте во нивниот вкус.

Фото и рецепт: Селма Цатиќ Коленовиќ