Ова е одлична идеја за ручек. Вака приготвените ќофтиња се многу вкусни, без многу маснотии, без кашкавали и сланини, а сепак излегуваат сочни, никој не може да им одолее. Кога за првпат го видов рецептот помислив дека има премногу зеленчук, а тоа е премногу сечкање и динстање.
Но, сепак одлучив да ги направам и не се покајав. Овие ќофтиња се преполни со витамини, а моите деца ги обожаваат. Затоа почнав да им ги приготвувам двапати неделно. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за ќофтиња): 1 главица кромид, 1 голем морков, 1/2 главица зелка со средна големина, 600 г мелено месо, сол, црн пипер, коријандер и зачини по ваш вкус, 2 ситно сечкани чешниња лук.

ЗА ПРЕЛИВ: 1 главица кромид, 1 голем морков, 2 домати, сол, црн пипер, 1 мала лажичка шеќер (ја неутрализира киселоста на доматот), 6 лажици густа нетрална павлака или кисела павлака.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Ситно исечкјате го кромидот, па запржете го на малку масло загреано на умерена температура. Динстајте го околу две минути додека да застакли. За тоа време изрендајте го морковот, па и него додајте го. Промешајте и динстајте уште две минути.

![]()
![]()
![]()
![]()
Ситно исечкајте половина главица зелка, како за салата. Додајте ја во зеленчукот, па промешајте и динстајте 15 минути додека убаво да омекне. Посолете, па издинстаниот зеленчук претурете го во некој подлабок сад каде ќе може побрзо да подизлади.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во зеленчукот додајте го меленото месо, па посолете и запиперете, а зачини додајте по вкус. Исто исечкјате или истиснете низ преса две чешниња лук и додајте ги во месото. Добро измесете ја мешавината додека сите состојки да се распоредат убаво и смесата да стане компактна.
![]()
![]()
![]()
![]()

Со дланките формирајте големи ќофтиња и спуштајте ги во масло загреано на умерема температура. Пржете ги од двете страни додека да заруменат. Потоа извадете ги и тргнете ги на страна додека го приготвувате преливот.






ЗА ПРЕЛИВ: Ситно исечкајте една главица кромид и запржете ја на малку масло околу 2 минути. Додајте рендан морков и продолжете со пржењето уште две минути. Изрендајте или ситно исечкјате два домати, па додајте ги во зеленчукот. Динстајте 10 минути.

![]()
![]()
![]()
![]()

Посолете, запиперете и додајте една лажичка шеќер. Најпосле додајте ја павлаката и убаво промешајте додека сето да се изедначи.

Ќофтињата наредете ги во огноотпорен сад, а одозгора секое ќофте премачкјате го во дебел слој се приготвениот прелив. Печете на 190 степени 35 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.












