Ќе ви откриеме два рецепти за приготвување на овие вкусни мафини со тиквички. Првиот рецепт е од читателка кој е многу едноставен и лесен, а вториот се разликува само во некои мали нијанси и за него имате и видео презентација која можете да погледнете подолу на линкот. Еве што ви е потребно за овие чyдecни мафини:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 тиквичка, малку мирудија/копар и магдонос, 50 г сирење/кашкавал, 50 мл јогурт или млеко, 3 супени лажици гриз, 2 јајца, 2 лажици масло, 1 лажица прашок за печиво (1 кесичка), 70 г брашно
ПОСТАПКА: Тиквичката изрендајте ја, па посолете ја и оставете ја 10-тина минути. потоа процедете ја и додајте го гризот. Додајте и рендано сирење или кашкавал, сеќкан магдонос и копар по вкус. Убаво промешајте.
Додајте ги јајцата кои сте ги изматиле со млекото, па додајте го и маслото. Сето добро промешајте го. На крај просејте го брашното (не мора) помешано со прашокот за печиво. Излејте во калапи за мафини претходнбо намастени, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Еве го вториот рецепт:
Потребни состојки: 1 тиквичка со средна величина, 2 јајца, 60 мл млеко, 100 г брашно, 2 лажици маслиново масло, 2 лажици гриз, 1 лажица прашок за печиво, 50 г пармезан, црн пипер по вкус и зачини доколку сакате, по вкус
Постапка: тиквичката измијте ја и отстранете ги двата краја (тврдите делови). Потоа изрендајте ја на крупно ренде. Малку посолете го и оставете го на страна 10-тина минути. Потоа од него исцедете ја убаво сета течност која ќе ја ослободи.
Исцедената рендана тиквичка ставете ја во еден подлабок сад, а сокот сочувајте во во некоја стаклена тегличка и искористете го дента за приготвување на некоја салата. Овој сок содржи многу хранливи материи, па не би требало да се фрли.
Во тиквичките додајте две изматени јајца, 60 мл млеко, 100 г просеано брашно помешано со 1 лажица прашок за печиво, 2 супени лажици маслиново масло, 2 супени лажици гриз и 50 г рендан пармезан.
Во смесата додајте и малку црн пипер, а доколку сакате, додајте и некои други зачини по ваш вкус. Со помош на лажица промешајте ги сите состојки додека рамномерно да се изедначат.
Калапите за мафини намастете ги во подебел слој со путер (маст или маргарин, по ваш избор), а потоа полнете ги со по две полни супени лажици од смесата. Калапите не треба да се преполнуваат затоа што во текот на печењето малку ќе нараснат.
Кој сака по желба може одозгора да нароси и сусам, ким, или какви било семки или семе по желба (но, не мора). Загрејте ја рерната на 180 степени, а потоа печете ги мафините околу 15-20 минути.
Печените мафини оставете малку да се подизладат, па извадете ги од калапите и послужете ги со чаша јогурт или кисело млеко. Може да ги послужите за појадок, вечера или како прилог или предјадење.
Многу се вкусни, сунѓерести и меки како памук. Се надеваме дека ќе ви се допадне овој рецепт, а доколку имате свој и проверен рецепт за мафини со тиквички, споделете го во коментар. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.