Home пита ПРЕЛИЕНА ПИТА СО СИРЕЊЕ ОД ГОТОВИ КОРИ…Совршено сочна и мека, а толку...

ПРЕЛИЕНА ПИТА СО СИРЕЊЕ ОД ГОТОВИ КОРИ…Совршено сочна и мека, а толку проста што и дете може да ја направи

Пробајте го овој едноставен рецепт за прелиена пита со сирење од готови кори, ќе се изненадите од леснотијата со која се приготвува, а притоа ќе добиете совршен вкус.

Оваа пита може да ја приготвите за појадок или вечера, но и како закуска или предјадење. Сите ќе бидат воодушевени од нејзината сочност. Еве што ви е потребно:


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори за пита, 500 г крем сирење (урда, или ситно сирење помешано со кисела павлака за да може да се мачка, но може и фил по ваш избор).

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ НА КОРИТЕ: 50 мл масло и 50 мл газирана вода. ЗА ПРЕЛИВ: 3 јајца, малку сол по вкус, 250 мл млеко, 2 супени лажици кисела павлака и 1 мала лажичка прашок за печиво

ПОСТАПКА: Во една чаша измешајте во еднаков однос масло и газирана вода, а за оваа колична доволни се само 100 мл (по 50 мл од двете состојки), бидејќи питата со залева со специјален прелив, а оваа течност е потребна само за малку да се омекнат корите пред нивното виткање.

На работната површина отворете една кора и со кујнска, силиконска четка премачкјате ја со мешавината од вода и масло, преку целата површина. Преклопете ја со втора кора, па и неа убаво премачкјате ја.

<


Потоа, покрај ивицата од едната страна нанесете фил (доволни се околу две супени лажици), премачкјате добро, па внимателно свиткајте во ролат. Вака приготвениот ролат ставете го во плех претходно малку намастен и обложен со хартија за печење.


Постапката повторете ја со сите останати кори, односно додека да ви се потроши материјалот и да го исполните плехот. Потоа преминете на приготвување на преливот: во подлабок сад скршете три јајца, посолете и изматете ги со жица-маталка.

Додајте две супени лажици кисела павлака, па продолжете со матење додека да се разбие павлаката и да се изедначи смесата, да нема грутчиња. Потоа додајте го млекото, промешајте и на крај додајте половина кесичка прашок за печиво (една мала лажичка, 5 г).


Со овој прелив рамномерно залијте ја целата пита. Потоа покријте ја со алуминиумска или проѕирна-стреч фолија и оставете ја настрана да одмора половина час за да ја впие течноста.

По изминатото време исечете ја на парчиња и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.