Оваа е од оние старински торти кои се приготвувале за специјални пригоди, родендени и некои свечености, бидејќи во себе ги содржи најубавите домашни кремови со јајца, пудинг, чоколадо, ореви, шлаг… Кој не ја пробал оваа торта, задолжително да ја приготви. Постапката е лесна и едноставна, само следете чекор по чекор. Под пишаниот текст имате и видео презентација. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за кора): 5 белки, 1 прстофат сол, 7 лажици шеќер, 1/2 лажица какао во прав, 7 лажици мелени ореви или лешници, 5 рамно лажици брашно.

ЗА ФИЛ: 700 мл млеко, 5 жолчки, 5 лажици шеќер, 2 кесички пудинг со вкус на ванила, 300 г путер/маргарин, 50 г шеќер во прав, 100 г шлаг крем со вкус на ванила, 120 мл млеко, 150 г чоколадо за готвење, 100 г млечно чоколадо, 7 лажици мелени или сечкани ореви или лешници




ПОСТАПКА: Белките пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот и прстофат сол. Кога ќе добиете цврст снег додајте ги останатите состојките, па мешајте со лажица или шпатула, со превртување на смесата додека да се изедначи, а сепак да остане пенлива.

Смесата истресете ја во претходно подготвен плех (намастен и набрашнет или обложен со хартија, со димензии 23х23 см или слична средна големина, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.




Од млекото одвојте околу 50 мл, а остатокот ставете го на оган да се загрева. Жолчките и шеќерот изматете ги со миксер, па додајте го прашокот од пудинг и одвоените 50 мл млеко. Убаво соединете во мазна смеса без грутчиња.

Излејте ја оваа смеса во зовриеното млеко, па со непрекинато мешање сварете го кремот додека тој да згусне исто како пудинг. Тргнете го настрана и оставете го да се олади до собна температура со повремено промешување за да не фати коричка.




Путерот кој исто така омекнал на собна температура, пенасто изматете го заедно со шечерот во прав. Оладениот крем изматете го со миксерот за да стане пенлив, па додајте го путерот и продолжете со матење додека двете смеси да се инкорпорираат една во друга.




Една третина од кремот веднаш премачкјате ја врз испечената и оладена кора. Во втората третина додајте растопено 150 г чоколадо во кое сте додале малку слатка павлака или три лажици масло. Овој чоколаден крем премачкјате го врз првиот жолт крем.




Крем шлагот изматете го со 120 мл млеко, па половина од него додајте ја во преостанатиот жолт крем (од последната третина), па тука додајте мелени ореви или лешници, како и ситно сечкана или рендана млечна чоколада. Добро промешајте, па овој слој распоредете го врз чоколадниот.




Одозгора завршете со преостанатиот изматен шлаг и декорирајте по желба. Оладете ја тортата во фрижидер, најдобро преку цела ноќ, па сечете и сладете се. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.