Ова е од оние рецепти кој секој треба да го знае, затоа што многу лесно се приготвува, брзо, не валкате многу садови, а за кратко време добивате многу вкусно јадење – пита со сирење.
Се приготвува во тава на рингла, па не мора да ја вклучувате ниту рерната. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 1 мала лажичка сол, 1 лажичка црвена слатка пиперка во прав, 100 г чедар сирење, но може и каков сакате кашкавал по ваш избор или мешавина, 2 готови кори за пита или повеќе ако се тенки, како оние за баклава.
Значи, главните 3 состојки се: јајца, кашкавал/сирење и кори за пита.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете три големи јајца, посолете со една мала лажичка сол и зачинете со една мала лажичка црвен пипер во прав. Изматете добро со жица маталка или со виљушка додека да се изедначат состојките.
Во изматените јајца додајте го ренданиот чедар-сирење или некој кашкавал по ваш избор. Промешајте со лажица или шпатула додека кашкавалот да се распореди и натопи во јајцата.
Потоа земете и со рака исцепкајте две-три или повеќе готови свежи кори за пита или баклава, во зависност од тоа колку се големи и тенки.
Кинете ги со рака на помали парчиња или произволно.
Повремено промешувајте за да оцените колку кори ви се доволно. Тие треба да се впијат во јајцата и да добиете густа, компактна смеса.
Доколку питата ја печете во рерна, потребно е да ја вклучите да се загрева на 180-200 степени, а печењето во тиган доста е побрзо.
Тавата намастете ја со малку масло на дното и ѕидовите, па истресете ја целата смеса-тесто. Рамномерно распоредете ја и обликувајте ја.
Ставете да пече на умерено-тивок оган, под капак, во времетраење од 5 минути.
Со шпатула подигнете ја питата за да проверите дали е печена. Доколку има убава златно кафеава боја, време е да се преврти со помош на голема чинија. Потоа печете ја и од другата страна, под капак, уште 5 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.