На овој колач можеби се сеќавате уште од градинка, ни беше омилен како деца, но сè уште е на списокот меѓу омилените брзи колачи. Брзо се прави, а уште побрзо се јаде. Јас вчера го приготвив, а веќе денес нема ниту едно парче.




Многу е мек и сочен, потсетува на „барни“ колачот, но дури и многу подобар. По сугестија на децата следниот пат во кафеавата смеса ќе додадам повеќе какао или чоколадо. Особено што е одлично кај овој рецепт е тоа што мерките се земаат со една иста чаша од 200 мл. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 2 чаши шеќер, 1,5 чаша млеко, 1,5 чаша масло, малку екстракт од ванила или ванилин шеќер, 3 чаши брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 2 супени лажици какао во прав (по желба и повеќе).




ПОСТАПКА: Веднаш на самиот колач вклучете ја рерната да се загрева на 170 степени. Јас колачот го печев 40 минути, но секој нека го прилагоди времетраењето кое може да зависи од рерната, но и од калапот во кој се пече колачот. Треба да се внимава да не се препече и исуши.




Во посебни садови одвојте ги белките и жолчките. Со миксер изматете ги пенасто белките со постепено додавање на шеќер. Матете доволно долго (5-10 минути) додека шеќерот да се растопи и да добиете цврст снег од белки.




Во снегот од белки додајте ги жолчките, најдобро една по една додека непрекинато матите со миксерот, бидејќи така смесата останува густа и пенлива, но можете да ги додадете и сите одеднаш.




Потоа во тенок млаз додајте го маслото, па млекото и екстрактот од ванила, исто така додека непрекинато матите. најпосле додајте го брашното помешано со прашокот за печиво, најдобро просеани низ сито.




Соединете ја смесата да нема грутчиња и веднаш поделете ја на два дела. Во едниот дел додајте какаото и повторно добро промешајте за да се изедначи. Плех 33х23 см намастете го и наросете го со брашно. Наизменично излевајте де од едната, де од другата смеса, додека сè да потрошите.




На овој начин се добиваат карактеристичните мраморни шари. Протресете го малку плехот за да излезе вишокот воздух, па ставете да се пече во загреаната рерна околу 40 минути. Оладете, па послужете со шеќер во прав или чоколадна глазура. Деталите погледнете ги ОВДЕ.