Вкусни чоколадни бомбици кои навистина брзо се приготвуваат. Одлични се за секакви пригоди, излегуваат доста. Во продолжение може да прочитате 2 рецепти и да одлучите кој повеќе ви се допаѓа да си го направите. Еве што ви е потребно за првиот рецепт:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г бисквити со вкус на какао, 150 мл сок од портокал, 1 кесичка ванилин шеќер, 2 големи лажици џем од портокал или кајсија, 1 ред чоколадо за готвење, 1 портокал – рендана кора, 1 лажица мед.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Бисквитите сомелете ги или добро иситнете ги, прелијте ги со сокот, измешајте, додајте мед, џем, ванилин шеќер и растопено чоколадо. На крај изрендајте малку кора од портокал.
![]()
![]()
![]()
![]()
Убаво измесете ја содржината за да се поврзат состојките. Најдобро се соединува ако се меси со раце. Ставете во фрижидер околу 30 минути а потоа обликувајте топчиња или облици по ваша желба.
![]()
![]()
![]()
![]()
Доколку смесата ви се чини мека, слободно додајте уште малку мелени бисквити. Топчињата валкајте ги во мелени бисквити или по желба. Смесата можете да ја ставите во фолија и во калап, па подоцна да сечете.
![]()
![]()
![]()
![]()
Може да користите и друг вид на бисквити и да додадете 1-2 лажици какао, но бисквитите со какао имаат преубав вкус, темни се и даваат некој префинет вкус. Чоколадо и шеќер можете да ставите повеќе, по вкус.





(втор рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г мелени бисквити, 100 г кокосово брашно, 100 мл млеко, 125 г растопен путер/маргарин. ЗА ТЕМНИ БОМБИЦИ: 50 мл млеко, 100 г црно чоколадо, 100 г ореви. ЗА БЕЛИ БОМБИЦИ: 50 мл млеко, 100 г бело чоколадо, 100 г кршени лешници, за валкање: кокос.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете 200 г мелени бисквити (плазма или кекси по вкус), 100 г кокосово брашно, 100 мл млако млеко и 125 г (½ коцка) путер или маргарин. Убаво со рака измешајте ги состојките и измесете ја смесата за да се соедини и изедначи. Добиената смеса поделете ја два еднакви делови.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во првиот дел ставете прелив од црно чоколадо: на оган загрејте 50 мл млеко, па во него растопете 100 г чоколадо искршено на коцки. Мешајте додека да се растопи и соедини.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во вториот дел додајте прелив од бело чоколадо (50 мл млеко + 100 г бело чоколадо растопени на тивок оган). Двете смеси промешајте ги додека да ги впијат преливите. Во белата смеса додајте 100 г кршени или мелени лешници (претходно малку запечени и изладени).
![]()
![]()
![]()
![]()
Во темната смеса додајте 100 г кршени или мелени ореви. Уште еднаш промешајте и оставете смесите да изладат. Потоа кинете од смесите и со дланките формирајте топчиња со величина по ваша желба. Белите топчињата валкајте ги во кокосово брашно.












