Сигурно сте слушнале за познатата кралска торта која се прави редовно во слаткарниците, а нејзиниот богат вкус примамува. Повеќето мислат дека оваа торта се прави многу тешко и долго, а всушност процесот е многу едноставен и брашно воопшто не ви е потребно. Еве кои состојки треба да ги имате за да ја подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г ореви, 10 јајца поделени на белки и жолчки, 330 г шеќер (130+200), 40 г пченкарен скроб, 150 мл млеко, 20 г какао, пестофат сол, 200 г мек путер, 2 лажици какао.
ПОСТАПКА: 10 јајца се делат на белки и жолчки во два посебни подлабоки садови, жолчките може да ги ставате директно во тенџере бидејќи од нив веднаш се подготвува крем. Додајте им 130 г шеќер и 150 мл млеко.
Убаво се мати со жица за матење, а потоа веднаш се става на рингла вклучена на средна температура. Со постојано мешање се готви додека смесата да осветли и да се формира густина слична на крем/пудинг.
Потоа тргнете од рингла и додајте 20 г какао. Измешајте го какаото убаво во кремот додека да стане темен, а потоа префрлете го во тацна и покријте со проѕирна фолија, оставете да излади. Во меѓувреме подгответе ја кората:
300 г ореви се ставаат во загреано тефлонско тавче на средна температура малку да се запржат. Се оставаат да се пржат околу 15-тина минути, па се тргаат од рингла и се ставаат на даска за сечење и со поголем н ож се сечат на што поситни делови.
Белките кои претходно ги издвоивте изматете ги со додавање на прстофат сол и 200 г шеќер. Матете околу 15-20 минути додека да се формира цврст шлаг кој кога ќе го превртите садот нема да паѓа надолу од што ќе биде цврст.
Во оваа смеса се додаваат ситно сечканите мелени ореви и добро се промешува со рачна маталка. Во поголема тава се става хартија за печење и малку се намастува, па се прелива смесата од шлаг и ореви и добро се распоредува.
Се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 50 минути додека да фати убава коричка. Во посебен сад се разматува 200 г путер, претходно отстоен на собна температура и исечкан на коцки за да ви биде полесно матењето.
Во разматениот путер се прелива кремастата чоколадна смеса која се додава постепено и се продолжува со миксање. Печената кора која малку се подизладила, се превртува на решетка со хартија за печење за да премачкувате од рамната страна.
Кората се сече на 3 еднакви делови, по избор вертикално или хоризонтално. Едниот дел од кората се става на рамна чинија и се премачкува со кремот кој сте го распоредиле на 3 еднакви делови за да ви стигне да ја премачкате секоја кора.
Одозгора се става втората кора и повторно се премачкува со кремот, а со додавање на последната кора, се премачкува површината и од страните на тортата. Тортата се става во фрижидер да излади најмалку 2 часа пред послужување.
Доколку сакате тортата да има два фила, во кремот пред да додадете какао, одделете половина во посебен сад, па во едната половина ставете какао, а другата да остане со бел крем.
На овој начин може да ја филувате првата и последната кора со какао кремот, а на средина да го распоредите белиот крем. Декорирајте по желба. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.