Многу вкусен и сочен колач со вкус на баклава, но со поинаква текстура и мекост. Мора да го пробате, овој колач се топи во уста, а толку лесно се приготвува. Послужете го со кафе и уживајте во вкусот.
![]()
![]()
![]()
![]()
Потребните состојки веројатно веќе ги имате дома, а не ви е потребна вага, бидејќи сè се мери со лажица. Единствено што ќе ви биде потребено за да ги изматите јајцата е миксерот и тепсија од 30 см во кој ќе го испечете колачот. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 6 лажици масло, 6 лажици мелени ореви, 6 лажици млака вода, 1 лажичка рендана кора од лимон, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ШЕРБЕТ: 400 мл вода и 400 г шеќер. Тепсија 30 см.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад искршете ги јајцата и пенасто изматете ги со миксер додека да згусне и побели смесата. Потоа постепено започнете да го додавате шеќерот и матете додека тој да се растопи.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа додајте ги мелените ореви ренданата кора од лимон , шесте лажици масло и шесте лажици млака вода. Матете со жица додека да се соединат состојките. Потоа додајте шест лажици брашно и една кесичка прашок за печиво.

![]()
![]()
![]()
![]()
Повторно измешајте со жицата додека да се изедначи смесата. Калап или тепсија со димензија 30 см намастете ја со малку масло и наросете малку брашно, а вишокот истресете го. Хомогената смеса излејте ја во подготвениот калап.
Израмнете, протресете и ставете да се пече во третходно загреана рерна на 200 степени. Штом го ставите колачот во рерна, намалете ја температурата на 180 степени и печете околу половина час.

![]()
![]()
![]()
![]()
Додека се пече колачот вие пригответе го шербетот: во едно тенџере ставете 400 г шеќер и 400 мл вода. Откако ќе зоврие, варете го сирупот на околу 5 минути (по желкба кој сака може да додаде и ванилин шеќер и неколку тркалца лимон).
![]()
![]()
![]()

Печениот колач (во видеото се печеше точно 30 минути) исечете го на коцки или баклави по желба. Потоа прелијте го рамномерно (со помош на кутлача) со приготвениот шербет.

![]()
![]()
![]()
![]()
Одозгора наросете мелени ореви (количина по ваша желба) и оставете го колачот да се олади и да го впие сирупот. Најдобро е откако ќе се олади на собна температура, потоа да го ставите во фрижидер или ладна просторија за убаво да излади.

![]()
![]()
![]()
![]()
Послужете го со кафе и уживајте во неговиот предобар вкус. Ќе се уверите дека брзо се прави а уште побрзо се јаде. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.












