На сите им се познати корисните својства на лимонот, кој покрај витамин Ц содржи и органски киселини, го поддржува и јакне имунолошкиот систем и се препорачува кај настинки. Меѓутоа, малкумина знаат дека лимоновата кора е уште покорисна од сокот, па за жал, најчесто ја фрлаат.




Секако, најдобро би било да се користи органски лимон чија кора е мека и вкусна, но може да се користи и кората на купечки лимон откако добро ќе се измие и истретира со сода бикарбона или раствор со оцет.




Кога лимонот ќе се искомбинира со ѓумбир и со мед, доаѓа до повеќекратно зголемување на неговите својства како природен лек. Додавањето на ѓумбир во оваа комбинација придонесува за зголемување на cтимyлацијата за ceкреција на мукоза.




На тој начин се ублажува кашлицата и се олеснува бoлката во грло. Ѓумбирот поседува антибактериски, антигабични и антикоагyлантни својства, па поради тоа се користи како превенција од грип и настинка.




Исто така, се користи и кај алергија, а има и антивоспалителни својства. За корисните својства пак, за медот, одвишок е да се говори, бидејќи многупати сме пишувале за yникатните и лековитите својства за овој драгоцен пчелин производ.

АНТИВИРУСНА КОМБИНАЦИЈА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ – РЕЦЕПТ: Потребни состојки: еден поголем непрскан лимон, 200 мл домашен квалитетен мед, еден свеж корен од ѓумбир со средна величина.




ПОСТАПКА: Лимонот измијте го, ѓумбирот излупете го и исечкајте го на помали парчиња. Лимонот заедно со кората исечете го на парчиња и отстранете ги семките, а потоа заедно со ѓумбирот сомелете ги на машина или во блендер.




Во мешавината додајте го и медот, па убаво промешајте за да се изедначат состојките и да добиете хомогена смеса. Овој природен лек складирајте го во стаклена тегла која ќе ја затворете со добатр капак. Се чува во фрижидер.




УПОТРЕБА: Земајте по една лажица дневно на празен стомак секое утро, па на тој начин зајакнете го имунитетот и на тој начин ќе спречите појава на разни болести. Истиот рецепт можете да го приготвите и со додавање на лук, во количина по ваша желба.

РЕЦЕПТ НА ЗОРКА ЈАНЧЕВА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг свеж корен од ѓумбир, 1 кг мед или по вкус и 4 големи и сочни лимони, по можност домашни (да не се прскани)




ПОСТАПКА: лимоните убаво измијте ги и оставете ги во вода со малку сода бикрбона. Потоа истријте ги добро и исплакнете ги под млаз ладна вода. Исечете ги на тркалца за полесно да им се извадат семките.




Потоа исечете го на и на поситни парчиња, па убаво сомелете го во блендер, да добиете каша. Ѓумбирот исто така измијте го убаво, па излупете го и сомелете го.

Мелените лимон и ѓумбир соединете ги со медот и убаво промешајте за да добиете изедначена смеса. Складирајте во стерилизирани стаклени тегли и чувајте во фрижидер.




Употреба: Секое утро на гладен стомак по една супена лажица. Многу е вкусно и убаво, го загрева телото и му дава полетна енергија. Бидете здрави!