Измати и излеј, додека тpeпнете е готова, а се подготвува многу лесно и едноставно. Рецепт на „Вкусна Минута“. Лесна, чоколадна торта која многумина ја споредуваат со сладолед, а некои викаат дека дури е и повкусна.
„Откога го дознав рецептот, дома ми ја бараат секој ден да им ја правам. Многу брзо се подготвува, што не ни забележувам дека поминало време. Направете ја и нема да згрешите, единствено се чека додека да се излади во фрижидер.” Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 125 г шеќер, 50 г какао, 125 г брашно, 1 мала лажичка прашок за печиво, 30 г растопен путер, 15 г желатин со 100 мл ладна вода, 30 мл карамел сируп или млеко, 5 белки, 250 г шеќер во прав, 150 г чоколадо, 40 мл масло.
ПОСТАПКА: Јајцата ставете ги во сад и изматете ги со миксер заедно со шеќерот. Во друг сад изматете ги сувите состојки: 50 г какао, 125 г брашно и 1 мала лажичка прашок за печиво. Измешајте сè со жица за матење.
Смесата од суви состојки прелијте ја во садот со изматени јајца и добро измешајте сè додека да се формира смеса со средна густина. Смесата се прелива во кружен калап со флексибилен обрач со пречник од 22 цм и се става на печење.
Подлогата /кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути. Во меѓувреме измешајте го желатинот со ладна вода и оставете да отстои некое време за да набубри. По печењето, кората се прелива со 30 мл карамел сируп, или млеко.
Изматете ги петте белки со шеќерот во прав пенасто, па додека сè уште матите со миксерот додајте го желатинот (претходно растпен на пареа или во микро) и матете уште неколку минути. Овој пенаст крем прелијте го врз оладената кора и добро измазнете.
Ставете ја тортата да отстои во фрижидер да се стврдне 4-5 часа, а ова е „најтешкиот“ дел од подготовката. На крајот се подготвува глазурата од чоколадо. Чоколадото се крши на коцки и се става на пареа или директно на рингла да се растопи заедно со маслото.
Тортата се вади од фрижидер и се трга капакот. Тортата се става на решетка со поставена чинија одозгора и се прелива чоколадниот слој. Глазурата се прелива врз белиот пенаст слој, добро се измазнува и се остава да се распореди по страните.
Се става уште 15 минути во фрижидер колку да се стврдне глазурата, па се послужува, се сечат парчиња со големина по ваша желба. Тортата е многу вкусна и лесна за јадење. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.