Овие јогуртни пишии многу често ги правам за појадок, бидејќи многу нè најадуваат. Наместо леб ги правам нив, а потоа ги комбинираме со кајмак, ајвар или некој друг намаз, a многу често ги правам и благи. Она што е важно е дека не излегуваат масни.




Некои ги нарекуваат пишии, некои уштипци, но тоа навистина не е важно. Она што е најважно е дека рецептот повеќепати е проверен и секогаш е успешен, па може да го приготват и помалку искусните во кујна. Со овој рецепт добивате брз и многу вкусен оброк.




Се прават без квасец, па нема потреба од чекање тестото да стасува. Навистина, ова е еден рецепт за брз и вкусен оброк. Ќе ви бидат потребни само неколку состојки и околу 10 минути за да ги приготвите овие феноменални брзи јогурни пишии. Вкусни, мирисни, меки како душа, шупливи… Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл јогурт, 2 јајца со средна величина, 2 големи лажици шеќер (ако ги сакате благи), 1 кесичка ванилин шеќер (за благи или ванилин екстракт), ½ кесичка прашок за печиво (8 г), прстофат сол, по вкус, 250 г брашно и масло за пржење. Опционално: шеќер во прав за наросување, суво грозје.




ПОСТАПКА: Пишиите можете да ги правите благи или солени. Конкретно во овој рецепт се прават благи, па затоа се додава шеќер, ванила, суво грозје. Ако ги сакате солени, во тој случај може да ја зголемите само количината на солта (1-1,5 лажиче), а останатите базични состојки се веќе поставени за двете опции.




Во еден сад ставете 250 мл јогурт, двете јајца со средна величина и изматете со жица за матење додека да се соединат. Во смесата додајте 2 големи лажици шеќер, прстофат сол и 1 кесичка ванилин шеќер.




Потоа додајте половина кесичка прашок за печиво, промешајте. Додека мешате постепено започнете да го додавате брашното. Ќе ви биде потребно околу 250 грама брашно или по потреба додајте повеќе, додека да добиете меко и растегнато полутесто. На крајот само додајте неколку парчиња суво грозје и вмешајте ги во тестото.




Тестото не се меси класично, ова е смеса која се спушта со лажица во длабоко масло и така всушност уштипците се пржат. Садот со тестото покријте го со памучна крпа и почекајте да стаса околу 10 минути, а за тоа време во тенџере ставете подлабокот масло (2-3 прсти) и почекајте да се загрее.




Парчињата тесто спуштајте ги во добро загреано масло и веднаш намалете ја температурата на умерена. Пржете ги од двете страни додека да дбијат златнорумена боја. Редете ги во чинија обложена со хартиена салветка и можете веднаш да ги послужите додека се топли и да ги наросите со шеќер во прав. Сите детали околу постапката за приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.