Крајниот резултат беше фантастичен, а за тоа е сведок мојот сопруг кој ми потврди дека на свекрва ми многу и се допаднала оваа класична торта. Јас имав проблем со мајката на сопругот, често ми наоѓаше замерки во моите кулинарски вештини…




После овој колач/торта кој случајно го пронајдов на Интернет, успеав да „си фатам место“ во нејзиното срце. За да го подготвите колачот нема да ви треба многу работа, се прави од неколку класични состојки, основни, а како што ми докажало моето искуство, сè што е едноставно е најубаво. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г бисквити, 400 мл млеко, 3 супени лажици шеќер, 3 супени лажици густин, 21 г незасладено какао. ЗА ДЕКОРИРАЊЕ (опционално): 400 мл шлаг или изматена слатка павлака, 100 г чоколадо, 50 мл млеко.




ПОСТАПКА: Најпрво бисквитите се кршат на ситни парчиња. Тоа можете да го правите со раце и да ги дробите. Во едно тенџере ставете го млекото и додајте го шеќерот. Потоа додајте го густинот кој со шеќерот оди во размер 1:1.




Додајте го какаото и смесата лесно промешајте ја со жица. Ставете го тенџерето на рингла и со лесно постојано мешање почекајте да биде пред зовривање, па во тој момент тргнете од рингла.




Чоколадната смеса се додава во искршените бисквити и се прелива во длабок сад обложен со најлонска фолија, па убавоо се измазнува. Површината затворете ја со најлонската фолија и ставете во фрижидер да се стегне 2-3 часа или преку ноќ.




По изминатото време, тортата се превртува на плех/чинија и се мати шлагот или неутралната павлака. Целата торта се премачкува со шлагот одозгора и по страните, па со шпатула убаво се измазнува. По желба, можете да направите и шлаг во боја, па од страните да ја декорирате тортата да биде повпечатлива (ако имате пригода или повод за тоа).




Врвот на тортата се премачкува со растопено чоколадо, глазура која треба да ја направите, а потоа тортата се враќа во фрижидер уште малку да се стегне. Тортата потсетува на класичната ресана торта која се прави речиси на ист начин, но во овој рецепт се користат бисквити. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.