Шарен колач кој ќе ве остави подзинати штом го пробате. На вкус е толку сочен и веднаш се топи во уста, а на изглед е толку декоративен што може да го послужите при секое доаѓање на гостите. Кај нас е редовен десерт особено кога свекрва ми ќе дојде кај нас, таа го овожава.
Потребни ви се неколку состојки и уште неколку минути да ги измешате, а потоа само да го ставите на печење. Веројатно сите состојки ги имате во домот, така што можете веднаш да си го направите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 мл млеко, 4 кесички ванилин шеќер, 2 кесички прашок за пудинг од ванила. ЗА БИСКВИТ: 5 јајца, 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 100 мл масло, 100 мл млеко, 250 г мазно брашно, 1 прашок за печиво, 30 г какао. ЗА ГЛАЗУРА: 400 мл кисела павлака, 120 г шеќер во прав.
ПОСТАПКА: Најпрво се прави пудингот бидејќи најпрво треба да се олади пред да го филувате врз колачот. Во подлабок сад ставете 2 кесички прашок од ванила за правење пудинг и издвојте околу 100 мл од целокупната количина на млеко.
Убаво измешајте со миксер на лесна брзина, а останатата количина на млеко ставете ја во тенџере да зоврие. Во топлото млеко додајте 4 кесички ванилин шеќер, а кога млекото ќе зоврие заедно со шеќерот додајте ја смесата од пудинг.
Со константно мешање, варете додека да ја добиете посакуваната густина на пудингот. Пудингот треба целосно да се олади пред да го филувате, а одозгора покријте го со проѕирна фолија за да не фати коричка.
ПОДГОТОВКА НА БИСКВИТОТ: Издвојте ги белките од жолчките. Белките се матат додека станат пенасти и цврсти. Во жолчките додајте го шеќерот и матете со миксер додека да се соединат во потечна смеса. Додајте го ванилиниот шеќер, маслото и млекото, а потоа продолжете со матење додека да се соединат сите состојки.
Настрана измешајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво и постепено додавајте ги во смесата од жолчки. Внимателно соединете без да се формираат грутчиња од брашното. Кога ќе ја измазните смесата соединете ја со пената од белки.
Во плех со стандардна големина ставете малку масло и брашно. Излејте ја кафеавата смеса која ќе се испече како бисквит, а потоа на одделни места ставајте од пудингот со помош на лажица, како да ставате топки сладолед.
На овој начин пудингот ќе се разлее низ колачот додека се пече и ќе биде многу сочен однатре. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути. Пред да заврши печењето направете ја глазурата од 400 мл кисела павлака изматена со шеќер во прав.
Кога колачот ќе се испече, премачкајте со тенок слој од колачот, измазнете и вратете во рерна да се допече на истата температура уште 10-тина минути. Кога колачот ќе се излади, послужете на коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.