Денес за појадок одлучив да спремам нешто евтино, брзо и вкусно, а питата која ја запишав во тефтерот пред некое време ми се погоди баш за оваа намена. Рецептот го добив од една драга пријателка која долги години ја прави оваа пита.
![]()
![]()
![]()
![]()
За првпат ја направив сама, а домашните останаа воодушевени, па побараа уште една за ручек. Многу ни се заслади, па може ќе ја посакаат и за вечера, хахаха. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 поголема тиквица (300 г), 270 г брашно, 2 јајца, 1 мала лажичка прашок за печиво, 1 лажичка вегета, 1 лажичка италијански зачин (опционално), 450 мл вода. Зачините може да ги додавате по вкус, не мора како што е наведено во рецептот.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во тепсија со димензии 22х22 ставете масло во поголем слој. Потоа земете го калапот во раце и вртете го настрана за маслото да ги намасти и страните на садот. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени, а потоа ставете ја тепсијата во рерна за маслото да се загрее.

![]()
![]()
![]()
![]()
Доколку рерната ја вклучите подеднакво да пече одгоре и одоздола, тогаш се пушта на 220 степени. Во еден подлабок сад ставете 2 јајца и врз нив прелијте млака вода околу 450 мл. Добро измешајте со виљушка, а потоа додајте го брашното и прашокот за печиво.
![]()
![]()
![]()
![]()
Соединете ги убаво состојките додека да се измазни смесата која треба да биде потенка, да изгледа како смеса за палачинки, а потоа зачинете по ваш вкус. Јас додадов 1 лажичка вегета и 1 лажичка италијански зачин кој содржи сол така што јас немав потреба да додадам.





Тиквичката излупете ја и исечете ја на ситни коцки. Мене ми е повкусна на коцки отколку рендана бидејќи повеќе крцка и всушност како да јадеме здрава пица. Распоредете ги тиквичките во смесата која што ја направивте.
![]()
![]()
![]()
![]()
Смесата излејте ја во тепсијата која се загреваше и добро измазнете. Печете околу 40 минути, во зависност од јачината на рерната, а потоа оставете малку да се олади, па пресечете на триаголници. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
































