За сите љубители на комбинацијата чоколадо со вишни, ви откриваме еден брз рецепт за многу вкусен колач кој лесно и едноставно ќе го приготвите за само неколку минути. Внатрешноста му е мека и сочна, а однадвор се прелива со чоколадна глазура збогатена со малку лешници или јатки по ваш избор. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (длабок калап за ролат 12х24 см): 2 јајца, 140 г шеќер, 200 мл топло млеко, 80 г растопен несолен путер, 250 г брашно, 40 г какао во прав, 10 г прашок за печиво (1 кесичка), 100 г чоколадо, 100-150 г смрзнати вишни без семка. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г млечно чоколадо, 20 мл масло, 40 г сечкани лешници
ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете две јајца и додајте 140 шеќер. Изматете со жица маталка околу две минути додека шеќерот започне да се растопува. Потоа додајте 80 г растопен и подизладен несолен путер и промешајте за да се инкорпорира во јајцата.
Додека матите, во смесата од јајца започнете да додавате топло млеко (не врело) во тенок млаз. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: 250 г брашно, 40 г органско какао во прав и 10 г прашок за печиво.
Мешавината од суви состојки додајте ја во садот со течните состојки. Матете полека неколку минути додека сите состојки да се изедначат и да добиете густа, мазна, полутечна хомогена смеса, без грутчиња.
Во оваа смеса додајте 100 г чоколадо (исечкано на ситни коцкички) и 100-150 г смрзнати вишни. промешајте и излејте во калап претходно обложен. со хартија за печење. Израмнете одозгора и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45-55 минути (проверете со чепкалка).
Колачот при печењето многу нараснува, па за да излезе со правилна форма, одозгора ставете едно парче хартија за печење, па врз хартијата некој рамен плех и врз него некој тежок сад. Колачот ќе нарасне во калапот, но добие полна форма на калапот во кој се печел.
Кога малку ќе подизлади извадете го од калапот и отстранете ја хартијата. Поставете го на десертна чинија или подлога, а под него подметнете парчиња хартија кои по нанесувањето на глазурата ќе ги тргнете. За глазура: растопете го чоколадото, помешајте го со маслото и сечканите лешници. Оставете да се стегне, па послужете.