Постојат многу верзии на мачмалоу тортата, но горе-долу состојките се тие. Јас имам две верзии кои напречно си ги правам, во зависност што ми се наоѓа дома од состојките, а подолу може да си ги прочитате и да си одберете еден:
Често дома ни се случува да ни се јаде нешто благо, а тоа да не е чоколадо, а сепак да е вкусно и лесно. Многу сум среќна што го најдов овој рецепт кој сите нè зaдoволи со вкусот. Без печење и валкање на многу садови, јас го правам двапати седмично и ќе се пофалам дека ми е омилениот колач.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потребно е само да имате едно млеко и пудинзи од чоколадо и ванила бидејќи тие се базата на колачот. Нема да ви биде чудно што е целиот во крем, бидејќи добро се стегнува во фрижидер и не се pacпаѓа. Еве што ви е потребно за да го направите:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРВИОТ КРЕМ: 500 мл млеко, 1 пудинг од чоколадо, 3 супени лажици шеќер, 50 г темно чоколадо за готвење, 200 г мелени бисквити. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ВТОРИОТ КРЕМ: 500 мл млеко, 1 пудинг од ванила, 3 лажици шеќер, 50 г бело чоколадо, 150 г кокос. И УШТЕ: 210 г манчмалоу колачи, 250 мл слатка павлака, какао за наросување.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Најпрво подгответе го чоколадниот пудинг на класичен начин бидејќи тој е основата на целиот колач. Во едно тенџере ставете 500 мл млеко и во него истресете ја кесичката со чоколадниот пудинг. Додајте 3 лажици шеќер и промешајте со жица или маталка.
![]()
![]()
![]()
![]()
Ставете го тенџерето на рингла и со постојано мешање гответе на тивко додека да се згусне смесата. Потоа тргнете од оган и додајте го чоколадото, скршено на коцки и мешајте да се растопи во врелиот пудинг. Потоа додајте ги мелените бисквити/плазма и соединете.





Во калап со флексибилен обрач (24 см) излејте го чоколадниот крем и рамномерно измазнете одозгора со шпатула. Потоа на истиот начин направете го и белиот крем, така што на крајот наместо да додавате бисквити, ставете кокос.

![]()
![]()
![]()
![]()
И белиот крем се излева врз смесата, па подеднакво се измазнува. Покријте со проѕирна фолија и ставете го калапот во замрзнувач да се стегне околу 30 минути. По изминатото време, врз белиот крем наредете цели манчмалоу колачиња, доволно ќе ви биде едно 200 грамско пакување.

![]()
![]()
![]()
![]()
На крајот направете го шлагот: во еден посебен сад измиксајте ја слатката павлака пенасто и рамномерно распоредете ја врз манчмалоу колачињата и просторот помеѓу нив. Добро измазнете на површината и наросете какао како завршен потег. Ставете го колачот во фрижидер да се стегне 3 часа, а потоа послужете го. Прочитајте го и вториот рецепт кој сигурно ќе ве воодушеви:

(втор рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 жолчки, 12 рамни лажици шеќер, 200 мл ладно млеко, 100 мл масло, 6 полни лажици брашно (120 г), 3 лажици какао и ½ прашок за печиво. За бел крем: 6 белки, 12 лажици шеќер, 4 лажици вода и 10 лажици шеќер. За чоколадна глазура: 100 г чоколадо за готвење, 3 лажици шеќер, 4 лажици вода и 4 лажици масло.
ПОСТАПКА: Изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте млеко, масло и какао, прашок за печиво и брашно. Смесата излејте ја по намастен и набрашнет плех, па печете на 200 степени околу 15-20 минути.
![]()
![]()
![]()
![]()
Изматете цврст снег од белки и постепено додајте 12 лажици шеќер и матете додека да се растопи шеќерот. Десет лажици полни шеќер ставете на оган со 4 лажици вода да зоврие и да се растопи, па полека додавајте во снегот од белки и матете додека да стане сјајно и да се зголеми волуменот.
Печената кора се вади од рерна и се намалува на 130 степени. Снегот од белки рамномерно се премачкува врз кората и се враќа во рерна уште 10 минути. Потоа колачот го вадиме од рерна и го преливаме со чоколадна глазура. Веднаш го сечиме на коцки.
![]()
![]()
![]()
![]()
Напомена: Бидејќи во снегот од белки оди многу шеќер, јас ја намалив оваа количина. Во оригиналот пишуваше 15 лажици во белките и уште 12 во сирупот. Вие одлучете како сакате. Ако вие уште повеќе го намалите шеќерот, внимавајте до следниот ден да не „падне“ снегот.












