Ако ви дошле ненајавени гости, а вие немате со што да ги послужите, не гpижете се – додека да го сварите кафето и оваа торта е гoтова. Иако се приготвува многу брзо и многу лесно, вкусот нема да ве paзочара, вкусшност ова е многу популарен колач.
Станува збор за стар рецепт кој можете да го најдете во тефтерот на вашата мајка или баба под името „Плазмино овошно задоволство”. Рецепт за торта која не се пече, а потребен е само миксер. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г путер или софт маргарин, 200-250 г шеќер во прав по вкус, 4 чаши кисела павлака или 700 г, 600 г плазма, 500 г овошје по избор, 3 кесички шлаг, млеко по потреба, 50 г чоколадо, 50 г овошје
ПОСТАПКА: Путерот на собна температура измешајте го со шеќерот во прав и пенасто изматете го со миксер. Потоа додајте цела кантичка кисела павлака од 700 г или 4 чаши од 180 г. Повторно изматете додека да се изедначат состојките.
Смесата може ќе ви се чини течна или ретка, но така треба да биде, бидејќи вишокот влажност ќе ја впијат кексите. Плазма кексите ставете ги во една кеса, па одозгора притиснете ги со оклагија за да се искршат побрзо.
Кршените кекси додајте ги во смесата од путер и кисела павлака, па промешајте убаво за да се соедини и изедначи. Овошјето што ќе го одберете по сопствен вкус, измијте го добро, исчистете го и ситно исечкајте го. Во овој рецепт ние ставивме банани, праски, ананас од конзерва.
Исечканото овошје измешајте го во смесата и соединете го. Калапот за торти со обрач намастете го со путер од дното и внатрешната страна од обрачот, па целата смеса излејте ја во калапот и изедначете.
Димензиите на калапот не се важни, ќе добиете повисока или пониска торта. Оставете ја во фрижидер најмалку на 2 часа за убаво да се излади и да омекнат бисквитите, па потоа украсете со шлаг, чоколадо и овошје или по желба.
Ако многу ви се брза, можете веднаш да ја послужите во десертни чаши или да ја ставите во замрзнувач 30-40 минути. Декорирајте со изматен шлаг или слатка павлака, растопено чоколадо и сечкано овошје (во случајот ананас од конзерва).