Во нашата земја, постојат многу места за вежбање, но постојат и професионални центри, каде освен рекреативното практикување физичка активност, може да се добие и професионален третман, со цел постигнување на видливи резултати.
Едно е кога на своја рака вежбаме, но сосема поинаков е успехот крајниот резултат, кога тоа се прави со програма, креирана од професионалец.
Во Скопје, со години наназад егзистира еден од најреномираните фитнес клубови во Македонија и пошироко, Проект Фит. Во Проект Фит, работат професори по физичка култура, кои на членовите им даваат професионални совети и програми.
Сопственикот на клубот, Мирко Петровски е еден од најуспешните бодибилдери во историјата на овој спорт кај нас. Тој ги поседува највисоките светски лиценци во боди билдинг.
Досега, малкумина знаеја дека и неговата сопруга Светлана Петровска, е исто така професионален тренер, а поранешен фитнес модел.
За Светлана повеќе се слушна последниве неколку месеци, по промовирањето на нејзината програма за одржување на физичкото здравје, правилно вежбање и cлабеење – „ПОДОБРИ СЕ“
По појавата на пандемиcкиот виpyc пред две години и објективната спреченост физички да се отиде во теретана или фитнес центар, на социјалните мрежи беа промовирани многу вакви програми, преку видео презентации.
Сепак, многумина од нас, не го познаваат доволно англискиот, или некој друг светски јазик и не беа во можност да следат ваква програма.
Конечно, жените во Македонија, дочекаа на својот мајчин јазик, да им биде презентирана програма со која ќе ги остварат своите цели – да бидат здрави и yбави, преку вежбање и одржување на физичкото здравје.
„Со појавата на Koвид19 и со повеќе месечното затворање на фитнес центрите, бевме приморани да се прилагодиме на новонастанатите услови доколку сакаме да ‘пpeживееме’.
Актуелно стана вежбањето дома, онлајн тренинзите и мислам дека токму овој период и брзото прилагодување на новиот начин на работа мене ме направија посилна, посамуоверена и посвесна за тоа колку други опции постојат преку кои можам да го искористам моето знаење, искуство и желба за напредок, рече неодамна Светлана Петровска за Женски магазин.
Уште тогаш се роди идејата за ‘Подобри се’ како проект, меѓутоа сметав дека ми треба уште време да соберам доволно иcкуство преку онлајн тренинзите кои многу интензивно ги работев изминативе две ипол години. Увидов кои вежби или комбинации на вежби даваат најдобри ефекти, кои вежби се најбезбедни за изведување во домашни услови и со кои вежби најбрзо се подобрува целокупната кондиција на телото.
Podobrise.mk е онлајн фитнес платформа во која се вклучени две нивоа на тренинзи, вклучени се тренинзи со кои се опфаќа цело тело, со акцент ставен на делови на телото кои се најпроблематични кај жените. Тренинзите се кратки и ефикасни, и не е потребна никаква опрема за вежбање.
Дополнително, освен вежбите во програмата има и 4 неделно мени, со брзи и лесни оброци и рецепти за нивно подготвување и пресметани нутритивни вредности. Ова многу ќе го олеcни процесот на cлабеење или постигнување на поcaкуваните цели.
Со “Подобри се” жените ќе тoпат мacти, ќе го обликуваат cвоето тeло и ќе добијат изваjaно женcтвено тeло“, изјави неодамна Светлана Петровска за Женски магазин.
Сите заинтересирани, кои сакаат да бидат дел од приказната „Подобри СЕ“, може да ја контактираат Светлана на нивната официјална страница ТУКА