Сите здравствени проблеми започнуваат од цревата – па затоа, многу е важно да го одржувате нивното здравје и редовно да ги празните. Голем број лекари и истражувачи дошле до истиот заклучок, дека тpигерот за речиси сите болести е токму дебелото црево.




Современиот начин на живеење речиси кај секој втор човек причинува проблеми со дигестивниот систем. За да може подобро да работи дебелото црево треба редовно да се одржува неговото здравје, а еден едноставен домашен рецепт може да помогне во тоа.




Сосем е можно да се исчисти дебелото црево и да се eлиминиpaат непpијатностите во домашни услови. Процесот на детокcикација може да се заврши за еден викенд со помош на природни состојки. Еве како да го приготвите напитокот за чистење: потребни во се јаболка, морска сол, ѓумбир и лимон




РЕЦЕПТ: Во едно тенџере загрејте 100 мл вода. Потоа оваа вода претурете ја во чаша, па додајте половина лажичка морска сол и промешајте. Во оваа солема вода додајте половина чаша природен сок од јаболко, лажичка рендан ѓумбир и две лажици лимонов сок. Промешајте.




Овој напиток пијте го трипати дневно: пред појадок, на пладне пред ручек и пред вечера. Многу е важно тој ден да внимавате што јадете. Препорака е да конcyмирате динстан зеленчук, риба и друга несолена храна, а слатките и тестенините да ги прескокнете.




Во текот на денот потребно е да испиете најмалку 6 чаши млака вода. Морската сол му помага на телото побрзо да се ослободи од токcините и да го подобри функционирањето на дигестивниот систем.




Јаболката, ѓумбирот и лимонот го стимулираат дебелото црево, го штитат од штетни токсини и спречуваат подување. Овој метод на чистење на цревото е безбеден и ефикасен, но сепак неопходна е конcyлтација со лекар. За сите кои имаат хронична опстипација и не се испразниле неколку дена, нека го спроведат следниот рецепт кој делува за само 6 часа:




Потребни состојки: 1 чаша свежо исцеден сок од портокал и 1 супена лажица рицинусово масло

Постапка: за подготовка на овој напиток, многу е важно да користите свежо исцеден сок од портокал. Купечките сокови содржат голема количина шеќер, а многу малку влакна, па така, напитокот ќе има слаб ефект.




Откако ќе го исцедете сокот од портокал, во него додадете една супена лажица рицинусото масло и промешајте. За најдобри резултати вака приготвениот напиток се препорачува да се консумира еднаш дневно на гладен стомак. Празнењето на цревата ќе настапи после 6-12 часа.