Рецептот за оваа вкусна, едноставна гужвана пита ни го претстави нашата драга членка, почитуваната Габриела Миленкоска во групата НМД рецепти. Рецептот навистина е многу едноставен и брзо се приготвува, а резултатот – прсти да излижеш!




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори за пита, 5 јајца, 250 г сирење или урда, 200 мл млеко, 200 мл минерална вода (или јогурт), 200 мл масло, 1 кесичка прашок за печење.

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска




ПОСТАПКА: Рерната вклучете ја на 200 степени да се загрева додека вие ја приготвувате питата (бурек-гибаница). Тепсијата за бурек обложете ја со хартија за печење и намастете ја. Во еден сад изматете ги јајцата, додајте прашок за печиво и една чаша минерална вода (или јогурт).




Потоа додајте едно мало калапче сирење околу 250 грама (или урда), па издробете го во јајцата и промешајте. На крај додајте го млекото, но постепено, за да не ви дојде многу течна смесата. Додајте го маслото и промешајте да добиете течност со густина како за палачинки.

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска




Во тепсијата ставете една кора и испрскајте ја со масло. Потоа земете друга кора и гужвано натопете ја во смесата со јајца и сирење, па така растесено и згужвана ставете во еден агол од тепсијата. Но неа ставете уште една кора, натопена на ист начин, и уште две или три кори додека да се исполни целата тепсија.




Кога ќе се исполни еден ред гужвани кори, малку испрскајте ги со масло одозгора. На ист начин се редат уште 2-3 реда по 4-5 кори. Се завршува со последна кора со која се завиткува целата гибаница а крајчињата се потпикуваат внатре во тепсијата.

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска




Одозгора се прелива со остатокот од преливот и се наросува со сусам по желба. Се пече околу 40-тина минути на 180 степени или додека да зарумени во зависност од рерната. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт, па одлучете кој ви е полесен да го подготвите:




Одлична брза гужвана пита со сирење, за појадок, ручек или вечера. Многу е вкусна, а може да се послужи со јогурт или кисело млеко. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори, 4 јајца, 300 г младо сирење, 150 г кајмак, 200 мл масло, 200 мл газирана, минерална вода и сол по потреба.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад изматете 4 јајца со маталка или виљушка, па додајте 200 мл масло и уште малку изматете. Во смесата додајте 5 лажици кајмак, па откако ќе промешате и ќе се изедначат состојките, додајте и 300 г меко, младо сирење. Издробете го сирењето, па додајте 200 мл газирана вода. Промешајте кратко.




Од половина килограм кори одвојте две, а остатокот отворете ги на работна површина, па со остар нож исечете ленти со широлина од 2-3 см. Исечените ленти ставете ги во смесата од јајца и промешајте за убаво и рамнерно да се натопат.




Намастете ја тркалезната тепсија и обложете ја со две кори кои од половината натаму ќе висат надвор од тепсијата. Премачкајте ги со масло, па целата содржина од сечените ленти и смесата со јајца излејте ја внатре.

Израмнете и покријте со корите кои висеа од страна. Одозгора премачкајте со масло, па ставете ја гибаницата да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.