Ако „сте се cтавиле“ на некоја диета, но не можете целосно да се oткaжете од десертите, тогаш овој рецепт е caмо за вас. Моите деца го обожаваат, а јас често им го приготвувам зошто многу е здрав. За децата користам една состојка која се нарекува Цикорија и ја купувам од продавници за здрава храна, а за мене и сопругот понекогаш додавам кафе.




Овие колачи се приготвуваат без брашно и не се додава шеќер, а како засладувач се користи мед, јаворов сируп или некој засладувач кој се користи за дијабетичари. Исто така, во рецептот се содржи 150 г чоколадо, па од вас зависи какво ќе одберете. Моја препорака е да биде со што повисок процент на какао, или пак да одберете некое целосно без шеќер (за дијабетичари). Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г чоколадо, 2 мали лажички растително масло, 300 г крем сирење (или свежа несолена урда), 50 г мед/јаворов сируп/малтекс или засладувач за дијабетичари (по вкус), 10 г кафе или цикорија, 2 супени лажици млеко, 50 г ореви/лешници/бадеми/кикирики




ПОСТАПКА: Чоколадото искршете го на коцки и растопете го во микробранова печка или пак на пареа. Мешајте додека целосно да се растопи, па тргнете го од оган и додајте две мали лажички растително масло (може и кокосово).




Промешајте добро додека маслото да се инкорпорира во чоколадото и да го разреди. Земете силиконски калап за мини колачи, а може да биде и за мафини. Доколку немате силиконски калап, тогаш користете хартиени корпички.




Во секое калапче ставете по малку од растопеното чоколадо и со помош на кујнска/чоколадна четка размачкајте го рамномерно на дното и зидовите. Калапот ставете го во замрзнувач 10 минути за да се стврдне чоколадото.




Во подлабок сад измешајте ја младата несолена урда (или крем сирењето) со несолен путер претходно омекнат на собна температура. Изматете ги состојките со рачен блендер додека целосно да се соединат.




Во кремот додајте мед/сируп или засладувач и изматете уште малку додека да се изедначи. Во кафето (нес кафе/инстант) или цикорија во прав додајте малку млеко за да се раствори, па и ова додајте го во вкусниот крем за да се збогати вкусот. Најпосле додајте ситно сечкани кикирики или јатки во ваш вкус и промешајте.




Со оваа смеса наполнете ги калапчињата кои претходно ги обложивте со чоколадо, и вратете назад во замрзнувач на еден час. Одозгора премачкјате со остатокот од чоколадото кое ви преостана и оставете во замрзнувач уште 10 минути. Потоа извадете ги колачите од калапот и сладете се. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ.