Пригответе извонредно вкусна пица со тесто кое воопшто не треба да се меси. Всушност, тестото е течно, а состојките кои се мерат со чаша, едноставно се мешаат во смеса слична на онаа за подготовка за палачинки. Ова е дефинитивно наједноставниот рецепт за приготвување пица, а според мене и највкусниот. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл): 1 јајце, 1 супена лажица растопен путер (25 г), 1/2 мала лажичка сол (3 г), 1 1/4 чаша млеко (250 мл), 1 1/2 чаша брашно (150 г), 1/2 мала лажичка сода бикарбона (4 г). И уште: доматен сос, кашкавал, димен колбас, оригано
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете го јајцето и добро изматете го со виљушка додека да се запени. Може да матите и со миксер доколку ви е така полесно, или пак со жица-маталка. Потоа додајте ги останатите состојки по следниот редослед:
Во изматеното јајце додајте 250 мл млеко, половина мала лажичка сол и 25 г растопен и подизладен путер. Убаво изматете со жица маталка додека состојките да се соединат во еднолична смеса.
Во оваа смеса започнете постепено да додавате 150 г брашно додека непрекинато матите. Добро соединете го брашното во течноте состојки додека да добиете мазна, хомогена смеса без грутчиња.
Некаде пред самиот крај од матењето, во тестото додајте половина лажичка (или една рамна мала лажичка) прашок за печиво (4 г) и продолжете со мешањето. Вашето тесто за пица е спремно. Подгответе го тенкиот тркалезен плех за печење пици (35 см): преку цела површина намастете го убаво со путер.
Тестото излејте го во подготвената тепсија, рамномерно распоредете со подигнување под различни агли и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 260 степени во времетраење од 25 минути или колку да се потпече тестото и да добие кора (да не е заруменето).
Врз печеното тесто додека е сè уште топло ставете доматен сос, распоредете рендан кашкавал или моцарела и наредете кулен или шунка или некое сувомеснато по ваш избор. Пицата можете да ја правите и во вегетаријанска варијанта, исто така е многу вкусна.
Одозгора наросете оригано или босилек и вратете да се допече во загреаната рерна на 260 степени, уште 10-тина минути. Сечете и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.