Чоколаден колач кој се прави за кратко време, без јајца и без миксер, толку е вкусен што секој ден ќе го правите. Рецепт на Бригита од каналот Рецепти на Бригита Хусиќ. Едноставен и многу вкусен колач кој ќе ги разбуди сите ваши сетила.
Го правев вчера, завчера и денес пак, толку е вкусен и постојано го јадеме цел. Кога ќе ми дојдат сосетките на гости, се воодушевуваат и нема која не ми побарала рецепт откога ќе го проба. Се подготвува многу едноставно, вака лесно досега ништо немам направено.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 380 г брашно, 220 г шеќер, 90 мл масло, 3 лажици какао, 1 кесичка прашок за печиво, 500 мл млечна мешавина (маскарпоне, кисела павлака, млеко, јогурт по желба). За прелив: 16 лажици млеко, 120 г путер, 100 г црно чоколадо за готвење.
ПОСТАПКА: За подготовка на базата на колачот, потребно е во поголем сад да го ставите брашното, прашокот за печиво, какаото, шеќерот и соединете со рачна маталка. Потоа додајте го маслото.
На крајот се додава млечната мешавина која сама ја подготвив. Важно е количината да изнесува 500 мл, не повеќе од тоа, а по желба додавате маскарпоне, кисела павлака и млеко, сооднос по ваш избор. Наместо млеко може да ставите и јогурт, кој не е многу масен.
Може да комбинирате од сите млечни состојки, а важно е резултатот да има конзистентност како јогурт, значи не премногу течно, но не и премногу густо, онака средна густина како за неутрална павлака.
Сите состојки се соединуваат и чоколадниот фил се прелива во тепсија. Тепсијата ми е кружна со пречник од 32 см, малку ја намастив, па во неа рамномерно го распоредив чоколадниот фил.
Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути. Со чепкалка за заби проверете дали е добро испечен, а додека сè уште е топол избоцкајте го на неколку места пред да го прелиете преливот врз него.
За подготовка на преливот: Во тенџере ставете 16 лажици млеко, 100 г чоколадо за готвење на коцки и 120 г путер. Се става на рингла и повремено се промешува додека да се растопат состојките.
Преливот се прелива врз врелиот колач, па се остава некое време на собна температура да се излади, па се преместува во фрижидер. Јас одозгора редев и млечно чоколадо на коцки, но може да ставите некое црвено овошје, или ореви, лешници..
Коментар од Мирослава: „Најубавиот колач кој што сум го пробала! Дома го нарекуваме златен колач, бидејќи се топи во уста. Преливот може да се прави и со пудинг, а на децата им е омилен.“ Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.