Ако сакате да си се почастите со вкусен десерт, во тој случај овие колачиња се идеални за вас. Може да ги јадете додека сте на диета и да ослабете без никаков проблем. Колку повеќе ги јадете, толку повеќе слабеете, како што би рекла мајка ми.




Таа вели дека доста заситуваат и едноставно ги обожава. Потоа со часови нема да ви се јаде ништо друго, а потребни ви се само неколку едноставни состојки. Без печење и без шеќер, еве што ви е потребно за да ги направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 85 г бадеми, 85 г индиски ореви, 85 г сончогледови семки, 85 г кикирики, 1/2 лажичка мелено мускантно оревче, 70 г природен мед, малку масло за подмачкување, 85 г бело чоколадо.




ПОСТАПКА: бадемите запржете ги во нелеплива тава, без масло на тивок оган. Додајте ги индиските ореви, сончогледовите семки и кикириките кои треба да бидат излупени. Со повремено мешање, пржете додека да се затоплат и започнат да го испуштаат својот убав мирис.




Додека се уште топли, тргнете ги од рингла и ставете ги во блендер. Изблендирајте додека да не останат цели парчиња од јатките. Доколку во блендерот ви собира помалку и блендирањето оди тешко, смесата може да ја поделите на два или три делови и постепено да ги изблендирате сите.




Мелените јатки префрлете ги во подлабок сад и соединете ги со меленото мускантно оревче и медот кој треба лесно да се разлева. Започнете убаво да ја мешате смесата додека да се инкорпорираат состојките и да почне да се соединува.




Во еден подлабок сад (може да користите огноотпорен) премачкајте го со малку масло и излејте ја смесата, па добро зацврстете ја одозгора со шпатула, а можете и со дното на обична чаша за убаво да се стегне. Тргнете ја смесата настрана или ставете ја во фрижидер за убаво да се стегне.




Во меѓувреме белото чоколадо искршете го на помали парчиња и намастете го со 1-2 лажици масло. Стопете го чоколадото на пареа додека стане течно, а потоа глазурата излејте ја врз кората. Ставете во фрижидер убаво да се стегне неколку часа.




По изминатото време, внимателно извадете го колачот од садот, за да не ви се скрши и послужете со сечење на помали парчиња. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.