Познатиот готвач и слаткар Пол Холивуд ги знае сите тајни на источната кујна, па откри дека во рецептот за баклава мора да вклучи една посебна состојка. Оваа благородна течност која може да ја прочитате подолу, ја дава таа фантастична арома што го исполнува целиот дом со пријатен мирис при подготовката на овој омилен празничен десерт.




Пол вели дека е доволна само една лажица од следнава течност да ставите на полн плех со баклава. Неговиот рецепт за баклава се заснова на корите што самиот ги развива, од половина килограм брашно, 2 јајца и околу 150 грама маст (половина може да биде путер, а половина растително масло).




Сепак, во тестото додава и околу 150 мл грчки јогурт и 1 лажица бело вино. За растегнување, наросете ја површината со пченкарно брашно, за корите подобро да се одвојат една од друга.




Во филот става полни 700 г ореви, а некогаш прави и поубава комбинација од 350 г ореви и 350 г фстаци. При полнење, користи дури 400 г путер. Сепак, крајниот и тајниот продукт е сирупот направен од мед (350 г) и шеќер (150 г), со додавање на вода од роза (1 лажичка) и ситно исечени прстени од лимон.




Сите знаеме дека оригиналната баклава се приготвува само со ореви, но има и други видови на баклави кои едноставно мора да ги пробате, зошто не можете да им одолеете. Таква е и оваа баклава со мелена плазма. Има вкус што не може да се опише!




Следниот рецепт за баклава може да го правите како што е напишан, а доколку ви се експериментира применете го следниот совет кој е опишан погоре во текстот. Другите состојки горе-долу се исти.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори, 300 г мелени бисквити (плазма), 3 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици масло, масло за прскање на корите. ЗА ШЕРБЕТ: 1 литар вода, 800 г шеќер, 1 лимон.




ПОСТАПКА: Најпрво сварете го шербетот. Ставете ги водата и шеќерот да провријат, потоа додајте го лимонот исечен на тркалца и варете уште 5 минути, не треба да биде густо. Сварениот сируп тргнете го на страна и оставете го целосно да се олади.




Во посебен сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи, потоа додајте масло, па уште малку изматете со миксерот, и на крај додајте ги мелените бисквити. Промешајте со лажица или шпатула додека да се изедначат состојките. Смесата ќе биде густа.




Пребројте ги корите и поделете ги, за секој ролат ќе ви бидат потребни по три кори (јас имав 18 кори, ми излегоа вкупно шест ролати). Првата кора испрскајте ја со малку масло, ставете врз неа втора кора, попрскајте ја и неа, па одозгора ставете ја и третата кора.




Врз третата кора ставете од смесата со бисквити, надолжно (тешко се размачкува бидејќи е густа, па со прсти ќе си помогнете), односно долж целиот еден крај на кората. Цврсто свиткајте во ролат и редете во намастен плех. Постапката повторете ја со остатокот од корите.




Ролатите исечете ги со големина по ваша желба, можете да ги правите и со големина на залак, но за тоа ви е потребен многу остар н ож. Секој ролат во плехот малку премачкајте го со масло и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, додека убаво да зарумени.

Врелата баклава извадете ја од рерната и со помош на кутлача постепено прелијте ја со изладениот шербет. Оставете ја баклавата добро да се олади и да го впие шербетот. Добро изладете ја и уживајте во вкусот. Најдобра е кога добро е изладена во фрижидер, не е многу слатка за да ви се слоши, сочна е и брзо се прави. / Coolinarika.com