Вкусни печива, кроасанчиња кои се полнети со многу вкусен крем. Кога ќе ги пресечете на половина, тестото се подигнува како балон, а толку е кревко и меко, да ти е жал да ги јадеш. Децата обожаваат кога ќе се растече чоколадото на средина, а ништо покуса не сум ни јас. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 2 лажички квасец, прстофат сол, 2 лажици шеќер во прав, 1 пудинг од ванила, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 јајце, 350 мл топло млеко, 50 г путер. ЗА ФИЛ: чоколадо и Нутела, а печивата се премачкуваат и со 1 жолчка измешана со малку млеко.




ПОСТАПКА: Во 500 г брашно, додајте го сувиот квасец, солта, шеќерот. Измешајте ги со шпатула сувите состојки, а потоа во тестото додајте 1 кесичка пудинг од ванила кој дава преубав вкус на тестото. Се додава и ванилиниот шеќер, па повторно лесно се соединуваат состојките.




Во смесата од суви состојки додајте го јајцето, па постепено започнете да го додавате тестото додека формирате тесто во специјален сад за месење на тесто. Ако немате ваков сад, тестото лесно се измесува на рака и постепено се додава од млекото, додека да ја добиете посакуваната конзистентност.




На крајот преостанува во тестото да го додадете маслото кое ќе овозможи тоа да не се лепи за садот и прстите. Тестото префрлете го рамна дрвена даска која треба да ја обложите со малку брашно, па започнете да го месите тестото додека компактно да се соедини во топче.




Ова тесто е многу убаво и не се чека да стасува сега, туку веднаш се сечат помали делови (гледајте да бидат приближно еднаква големина и тежина) и формирајте го секој дел во топче. Потоа овие топчиња се покриваат со проѕирна фолија и се оставаат на дрвената даска да стасуваат 45 минути.




Мене од оваа смеса ми излегоа 8 топчиња. Додека работите едно по едно топче, другите оставете ги да киснат уште малку под фолијата. Секое тесто се развлекува во тенок круг и се премачкува со 1/2 лажица нутела, па се наросува со рендано чоколадо.




Се витка како ролатче, прво од краевите на страните, а потоа целосно докрај. Истото се повторува и со останатите теста кои се редат во плех обложен со хартија за печење. Тестата се премачкуваат со една жолчка разматена со млеко пред да се стават на печење.




Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути. По печењето, печивата може да ги прелиете со уште малку прелив од растопено чоколадо за да изгледаат подекоративно. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.