Ова е еден стар рецепт за ролат со банани, но со малку модернизирани состојки и не содржи јајца. Се подготвува од неколку состојки и не се пече, освен што чоколадото само се растопува на рингла. Другото се прави на рака, многу едноставно.
Може да го направите секогаш кога ви се брза, готов е за 10-тина минути и плус што треба да отстои во фрижидер најмалку половина час. Meне ми е најубав овој ролат со банани и не би го заменила за друг. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г млечно чоколадо, 500 г мелени бисквити, 3 лажици шеќер во прав, 3 лажици печени и сомелени лешници и ореви (опционално), 200 мл млеко. 3 банани, 100 г бело чоколадо или 100 г маргарин и уште околу 80 г кокосово брашно.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во блендер сомелете ги бисквитите или користете веќе сомелена плазма. Јас ставив 300 г плазма и 200 г петит бисквити кои ги сомелев претходно. Во смесата додајте шеќер во прав и уште 3 лажици печени и сомелени ореви или лешници.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во оригиналниот рецепт не се ставаат ореви и лешници, но имав дома многу и сакав да пробам каков е ролатот со нив. И да ви кажам, навистина не згрешив што ставив бидејќи оттогаш ги користам јаткастите плодови постојано.

![]()
![]()
![]()
![]()
Додајте 200 мл млеко и чувајте настрана уште малку ако треба да додадете по потреба. На пример, смесата треба да изгледа како влажен песок, но сепак да е соединета. Започнете да ја формирате смесата со раце.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа во неа додајте го претходно растопеното чоколадо и соединете ги сите состојки. На рамна површина ставете два реда проѕирна фолија и одозгора нанесете ја смесата. Развлечете ја со оклагија или чашка во правоаголник со дебелина од половина до еден прст.




За кремот: Земете една банана и излупете ја и изгмечете ја со виљушка. Во неа додајте го претходно растопеното бело чоколадо или наместо чоколадо додајте 100 г маргарин. Оригиналниот рецепт е со маргарин, но како што реков и претходно, јас рецептот си го приспособив според мој вкус.
![]()
![]()
![]()
![]()
Кремот премачкајте го врз развлечената кора подеднакво. Потоа излупете ги и останатите банани и ставете ги на едниот крај од кората. Малку пресечете им ги врвовите за да не се двојат кога ќе го послужувате ролатот.

![]()
![]()
![]()
![]()
Исто така можете малку да ги исправите за да може убаво да го формирате ролатот. Потоа од таа страна каде што сте ги ставиле бананите, започнете да го виткате ролатот и добро стегнете го во фолијата.
![]()
![]()
![]()
![]()
Ставете во фрижидер да се стврдне најмалку половина час ако ви се брза, а ако не, оставете да стои и подолго. Потоа послужете со сечете на помали парчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.
































