Овој пита-колач, уште го нарекувам и чаен колач бидејќи најдобро се комбинира со топол пијалак. Многу е вкусна, па често си ја подготвувам бидејќи не ми одзема долго време што ми одговара бидејќи најчесто сум многу зафатена. Во продолжение прочитајте го рецептот, со уште еден рецепт за сочен колач.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 80 г шеќер, 1 мала лажица ванилин шеќер, 60 мл масло, 130 г јогурт или потечна павлака, 220 г брашно, 1 мала лажица прашок за печиво, прстофат сол, џем или мармалад за премачкување.




ПОСТАПКА: Во еден сад ставете ги јајцата и додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Со миксер изматете до соединување на смесата и додека шеќерот да се растопи во јајцата. Кога смесата ќе се соедини додајте го маслото и јогуртот, па продолжете со матење додека тој да се инкорпорира во останатите состојки.




Преку сито додајте го брашното, измешано со прашокот за печиво и смесата измешајте ја со шпатула. На крајот додајте прстофат сол. Смесата би требало да биде погуста него вообичаено заради брашното. Кога убаво ќе ја соедините да нема грутчиња, смесата се излева во плех со стандардна квадратна големина, 23х22 см.




Смесата убаво се распоредува низ плехот, па одозгора се става неколку лажици џем по ваша желба и со виљушка се разлева низ целата површина на смесата за да изгледа декоративно.




Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути. По печењето, колачот може да го наросите со кокос, но ова е секако опционално. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а во продолжение прочитајте уште еден рецепт за многу вкусен колач, па одберете кој повеќе ви се допаѓа за да си го направите.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ: 5 јајца, 250 г шеќер, 40 г густин, 150 г пченичен гриз, 1 ванилин шеќер, 50 г путер, 1 литар и 300 мл млеко. ЗА СИРУП: 300 г шеќер, 300 мл вода, 1 ванилин шеќер, по вкус малку кора од портокал. малку цимет. И уште ќе ви биде потребно: 10 листови кори за пита, 100 г путер, малку масло.




ПОСТАПКА: Ова е феномален грчки рецепт. Прво пригответе го сирупот: соединете шеќер, ванилин шеќер и вода, ставете на оган да зоврие. На умерена температура варете 5-6 минути, па додајте ситно рендана кора од портокал и малку цимет (може и без цимет, по вкус). Оставете да излади.




Рерната загрејте ја на 180 степени. Пригответе го кремот: Во тенџере ставете 1,2 литри млеко, па на оган да зоврие. Изматете јајца со шеќер, ванилин шеќер, додајте густин, пченичен гриз и останатите 100 мл млеко. Добро изматете (да нема грутчиња), па постепено додајте го во зовриеното млеко со постојано мешање. Кога кремот ќе постигне густина, тргнете од оган, па додајте путер. Измиксајте, па оставете да излади.




Растопете путер. Плехот намастете го со путер, па наредете 5 кори. Секоја кора премачкајте ја со малку растопен путер. На 5.кора ставете крем. Преку кремот наредете ги преостанатите 10 кори. Секоја премачкајте ја со малку растопен путер, освен последната. Исечете со остар нож, па прелијте со малку масло.

Попрскајте со врела вода, па ставете во загреана рерна. Печете околу 35-40 минути, готова е кога ќе порумени. Сирупот процедете го, па печената пита прелијте ја со ладен сируп. Добро изладете пред сервирање.