Многу вкусни и ефективни колачиња кои заслужува да се пробаат, рецептот го видов во една видео презентација и оттогаш сум го направила многупати. Сите што ќе го пробаат остануваат воодушевени од изгледот и вкусот, па мислам дека заслужува да се напише и овде. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 500 г мазно брашно, 200 г маргарин, 2 кесички ванилин шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 2 јајца, 230 г шеќер во прав. ЗА КРЕМ: 4 јајца, 8 лажици шеќер, 4 кесички ванилин шеќер, 2 пудинзи од ванила,, 2 супени лажици густин, 100 мл млеко, 400 мл неутрална павлака. Се вари во 600 мл млеко и се остава да се излади.




ПОСТАПКА: Јајцата и маргаринот оставете ги на собна температура одредено време пред да го подготвувате тестото. Ставете го брашното во еден сад, па додајте го маргаринот кој не мора да го растопувате, доволно е да е омекнат и да го исечете на помали коцки.




Додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер, па потоа се ставаат јајцата и на крајот се додава шеќерот во прав. Се замесува фино и меко тесто кое не се чека да стасува туку веднаш се подготвуваат колачињата.




Во специјални калапчиња кои имаат форма на школки ставајте по тенок слој од тестото од кое треба да црпите по малку. Секако ако немате вакви калапчиња, тоа може да го правите во посебни калапчиња за печење каде што колачињата ќе изгледаат како крукчиња наместо школки.




Подетално во видеото подолу може да видите како се подготвуваат овие колачиња, односно кога од тестото ќе ставите на калапчето треба добро да го притиснете. Нема потреба од намастување на калапот бидејќи тестото не се лепи. Вака подготвените колачиња редете го во плех обложен со хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 10-13 минути.




ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: јајцата пенасто измиксајте ги со шеќерот додека тој да се растопи во нив. Додајте го млекото, прашокот од пудинзите, густинот и 2 кесички ванилин шеќер. Цврсто изматете додека подеднакво да се соединат сите состојки.




Настрана во тенџере ставете 600 мл млеко и додајте 2 кесички ванилин пудинг, па ставете на рингла да зоврие. Во зовриеното млеко се додава од смесата со пудинзи и се вари со повремено промешување додека кремот да стане густ.




Вака подготвениот крем се трга од рингла и се остава да излади. Одозгора може да ставите најлонска фолија за да не се направи коричка додека се лади. Кога пудингот ќе се олади, изматете ја во шлаг неутралната павлака, па со шпатула започнете да додавате од жолтиот крем додека целосно да ги соедините одие два кремови.




Колачињата се вадат од калапите и сите подеднакво се делат на парен број. Едната половина се премачкува со кремот во подебел слој, а одозгора колачињата се затвораат со другата половина која изгледа на капчиња. Одозгора наросете ги со шеќер во прав по желба пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.