Ова е лесна и кремаста салата, можам да речам дека е една од подобрите кои сум ги правела, вели Кели која го покажа рецептот за салата од неколку јајца. Брзо и едноставно, а секогаш имаме вишок јајца дома, па ја правам многу често. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 зготвени јајца, 1/2 шолја мајонез, 1 мала лажица сенф, 3 млади кромитчиња, 1 стебленце целер, сол и црн пипер по потреба. За покремасти јајца, варете ги помалку, во секој случај салатата излегува многу вкусна.




ПОСТАПКА: Се започнува со варење на јајцата кои се ставаат во вода, па откога водата ќе зоврие се варат уште 7-8 минути. Може да ги користите и вишокот јајца кои ќе ви останат од Велигден, па ќе си го скратите процесот на подготвување.




Јас веќе ги сварив јајцата, па потоа ги излупив и ги складирав во еден подлабок сад. Сепак да ви кажам во зависност од големината на јајцата, можете да користите 6 големи или 7 помали, нема да згрешите во секој случај. Внимателно го сечам секое јајце, да не ја пресечам жолчката и само жолчките ги ставам во посебен сад, а белките ги чувам настрана за подоцна.




Во садот со жолчки ставам половина шолја мајонез, мешам со лажица додека да се направи вкусна паста. Потоа го додавам сенфот, посолувам со сол и црн пипер по вкус, но не ставам премногу за да не пресолам. Жолчките се тргаат настрана и се преминува на подготвување на белките.




Белките ставете ги на една дрвена даска и исечкајте ги најситно што можете со нож. Колку поситно, толку подобро, па потоа додајте ги во смесата од жолчки. За освежување на салатата, ситно сечкам 3 млади кромитчиња или може да ставите и обичен кромид.




Исто така додавам и ситно сечкан целер кој треба добро да се исуши од водата, ако претходно сте го измиле. Зеленчукот се додава во салатата и сите состојки заедно се соединуваат и лесно се меша со лажица или шпатула.




За декорирање на салатата може да ставите ситно сечкан магдонос, но исто така можете да ја мачкате на потпечено крцкаво лепче. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.