Велигден е најголемиот христијански празник, кој го одбележува и слави Христовото воскресение. Празникот се одбележува на нешто поинаков начин и обично на различни датуми (стар и нов календар), кај православието и останатите христијански вери.




За денот Велигден се станува порано и се легнува навечер порано. Домаќинката подготвува вода за миење на семејството во која се става чуварот на куќата, дрен, босилек и здравец. Во многу места обичај е секој од домашните да присуствува на Велигденската литургија, а по враќањето дома да се омрсат прво со велигденски јајца, а потоа со свечено поставена трпеза.




После големиот пост, сите сакаат да си се почастат за прочистувањето кое што го направиле, а на овој голем празник најчесто се готви месо, покрај велигденските јајца и погача. Во продолжение може да прочитате рецепт за најубавата маринада од месо кое излегува мрсничко и сочно. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2,5 кг свниско ребро, 1 главица лук, 1 чили пиперка, 1 зелено јаболко, 6 супени лажици соја, 1 лажица шеќер, прстофат цимет, 1/2 лимонов сок, сол, лук во прав/гранули, црвен сладок пипер, црн пипер.




ПОСТАПКА: Земете едно свинско ребро и извадете му ја жилата со н ож, доколку не ви ја извадиле во месарница. Моето месо е со тежина од 2,5 кг, но вие може да купите колку ви е потребно. Месото се сече до половина, значи до кај што стигнува до мрсниот дел.




Се прават резови прво на едната страна, а потоа на другата за да има отвори-коцки. Вака кога ќе го подготвите реброто, преминете на подготовка на маринадата. Во сад соединете 2 лажици сол, 1 лажичка лук во прав, 2 лажички благ црвен пипер, 1/2 лажичка црн пипер.




Измешајте ги зачините и наросувајте од двете страни на месото. Исто така додавајте зачини и помеѓу отворите за и одвнатре месото да се зачини. Со раце распоредете ги зачините подеднакво, а потоа 1 главица лук исчистете ја и чешнињата исечкајте ги на помали парчиња.

печени ребра – Валентина Машковиќ




Направете помали вдлабнатини со н ожот од страната на која претходно правевте резови и во нив вметнете ги чешнињата лук. Месото се пече од оваа страна свртена кон горе, а пред да го ставите на печење, исечкајте ситно една чили пиперка и наредете ги парчињата врз месото.

печени ребра – Валентина Машковиќ




Иако можеби не сте љубители на лутиот вкус, треба да знаете дека пиперката само малку ќе испушти пикантен вкус. Завиткајте го месото во алуминиумска фолија и ставете го на плех. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 2,5 часа. Златно правило: 1 кг месо се пече 1 час, а јас имам 2,5 кг месо и затоа го печам 2,5 часа.




Пред да го извадите месото од рерна, излупете и исчистете едно зелено јаболко и изрендајте го. Во смесата додајте 6 супени лажици соја, 1/2 лажичка црн пипер, 1/2 лук во прав, 1,5 лажичка благ црвен пипер, 1 лажичка шеќер и прстофат цимет.

Потоа исцедете 1/2 лимонов сок и измешајте ја смесата. Потоа прелијте ја во тенџере и гответе на умерен оган 5 минути додека да згусне со постојано мешање, бидејќи може да ви загори.




Кога месото ќе се испече, отстранете ја алуминиумската фолија и премачкајте го од двете страни со овој фил, додека месото ви е поставено на плех со решетка. Вклучете ја рерната да се загрее на 230 степени и печете уште 10 минути на отворено за да фати убава коричка. Потоа почекајте да се излади, па послужете го сечкано на парчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.