Овој колач се топи во уста, секоја година ми доаѓа на трпезата кога ќе созреат црешите. Никогаш не ни се здосадило, а некогаш знам да го направам во двојна доза. Може да се прави со било кое бобесто овошје, замрзнато или свежо. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 280 г брашно, 1 мала лажичка прашок за печиво, прстофат сол, 1 јајце, 80 г шеќер, 100 г путер. ЗА ФИЛОТ: 300 г цреши, 80-100 г шеќер, 2 големи лажици скроб (нишесте). Овие состојки се одредени за калап со пречник од 22 см.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете го брашното. Додајте прстофат сол и прашок за печиво и промешајте со шпатула. Потоа додајте го путерот, кој треба минимум да биде отстојан 1 час на собна температура и исечкан на коцки.
Како што го додавате путерот, малку истријте го низ раце заедно со брашното додека целосно да се соединат и да се направат помали грутчиња. Во посебен сад пенасто изматете г јајцата со шеќерот и додајте ги во смесата од брашно.
Најдобро е смесата за кора (тесто) да ја разредувате со раце бидејќи не е класична смеса како за тесто, ниту пак излеана. На крајот треба да изгледа како помали грутки. Во плех, обложен со хартија за печење на дното префрлете го тестото и со раце притиснете и распоредете го подеднакво насекаде.
На овој начин треба да се добие изглед на вистинско тесто кое е прилепено за страните на плехот. Одозгора ставете ги вишните и наросете ги со шеќер, а потоа со скроб (нишесте). На крајот може да завршите со еден помал ред од смесата за тесто, доколку сте сочувале, барем 1-2 лажици.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Печете околу 35-40 минути, во зависност од јачината на рерната. Колачот е навистина многу убав и може да се прави со некое друго овошје или комбинација од неколку бобести овошја. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.