Овој рецепт го барав долго време, највкусната торта.. Кога бев мала, баба ми ја правеше по трипати неделно, многу евтино и едноставно. Вкусна и цврста торта која се топи во уста. Целата фамилија ќе се воодушеви кога ќе ја направите.
Јас почнав да ја правам многу често, без напорно месење. Во рецептот е прикажано како да си направите сопствени кори за кои не е потребно многу месење, но во секој случај може да користите и готови, доколку немате време да ги подготвите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 100 г шеќер, 2 големи лажици млеко, 80 г путер, 2 големи лажици мед, прстофат сол, 1 мала лажичка прашок за печиво, 300 г брашно. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 150 мл млеко и 1 голема лажица мед. ЗА КРЕМОТ: 500 мл неутрална павлака, 2 лажици шеќер. ЗА ГЛАЗУРА: 80 г чоколадо, 70 мл неутрална павлака. И уште: 10 г желатин и 90 мл ладна вода.
ПОСТАПКА: најпрво започнете со подготвување на корите. Во еден сад ставете ги двете јајца, додајте го шеќерот, млекото, растопениот путер и медот. Убаво измешајте додека шеќерот да започне да се растопува во останатите состојки.
Потоа додајте прстофат сол, прашокот за печиво и на крајот брашното додавајте го постепено додека го просејувате низ сито. Измешајте ги убаво сите состојки додека да се направи полулеплива смеса која тешко се растега. Покријте со проѕирна фолија и оставете да отстои 15-20 минути.
Потоа тестото се дели на 6 еднакви делови и секој дел се развлекува колку што може повеќе со оклагија, ставено помеѓу две хартии за печење за да не ви лепи. Кога секоја кора ќе ја развлечете со помош на флексибилен обрач од калап извадете ја посакуваната форма (мојот е со димензии 20х20 см).
Краевите кои што се вишок може да ги тргнете и да ги додавате по потреба во некое друго парче тесто. Секоја кора се боцка со виљушка на неколку места и се става да се пече во плех обложен со хартија за печење на 180 степени, околу 15 минути. За тоа време измешајте го желатинот со ладната вода и оставете да се заврсти околу 10 минути, а потоа само затоплете го на пареа да се растопи.
За премачкување на корите потребно е да измешате 150 мл млако млеко со 1 голема лажица мед. ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: неутралната павлака изматете ја цврсто со додавање на 2 лажици шеќер, а потоа соединете ја со течниот желатин.
ФИЛУВАЊЕ: оди кори, па премачкување, малку од филот, и сè така додека да го потрошите целиот материјал. Последната кора не се премачкува со кремот, туку целата торта се завиткува во најлонска фолија и се става во фрижидер да отстои 10 минути, а може и повеќе.
За тоа време се подготвува чоколадната глазура, па кога тортата ќе се извади од фрижидер се излева врз тортата. Тортата може да ја послужите веднаш или да почекате чоколадото малку да се стегне одозгора. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.