Ако имате дома овесни снегулки, но веќе ви здодеало и не знаете што со нив, тогаш овој рецепт е токму за вас. Многу брза постапка за неодолив десерт. Чоколадниот вкус на овесниот колач ги освојува сите што ќе го пробаат, дури и оние пребирливите.

Згора на тоа, колачот е многу здрав, па дури може да замени и оброк, доколку сакате да се насладите со нешто здраво. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г овесни снегулки, 250 мл врело млеко, 2 излупени банани, 2 јајца, 40 г какао во прав, 1 мала лажичка прашок за печиво (1/2 кесичка, 5 г), 1 прстофат сол, 2 супени лажици шеќер или друг засладувач по ваш вкус, може да користите и за дијабетичари




ЗА ГЛАЗУРА: 50 г темно чоколадо 855, 3 супени лажици млеко или слатка павлака. СОВЕТ: Доколку немате чоколадо, едноставно измешајте какао во прав, кокосово масло и јаворов сируп, малку загрејте ги состојките на тивко додека да се соединат.




ПОСТАПКА (за калап 22х14 см): Овесните снегулки (12 г) ставете ги во некој подлабок сад или чинија и прелијте ги со 250 мл врело млеко. промешајте добро за да се натопат насекаде подеднакво, па оставете ги да киснат 15 минути.




Во меѓувреме излупете две зрели банани (колку се позрели, толку се помеки), па испасирајте ги со виљушка за да добиете пире. Доколку имате рачен блендер можете брзо да ги измиксате додека да добиете пире.




Во пирето од банани скршете две јајца и изматете ги со виљушка додека да се соединат во еднолична смеса. Додајте 40 г какао во прав (колку поквалитетно, толку подобро), една мала лажичка прашок за печиво и прстофат сол.




Во смесата додајте и две супени лажици шеќер/интегрален шеќер или јаворов сируп, мед или некој друг засладувач по ваш избор. Мешајте со лажица или шпатула додека состојките да се изедначат.




Во оваа смеса додајте ги овесните снегулки заедно со млекото во кое киснеа, па сето уште еднаш убаво измешајте го до соединување. Земете го калапот со димензии 22х14 см и намастете го со парче путер, на дното и страните.




Излејте ја приготвената смеса во калапот и распоредете ја рамномерно. Можеби ќе ви се чини смесата малку ретка, но таква треба да биде. Ставете да се пече во загреана рерна на 190 степени околу 45-50 минути.




Печениот колач оставете го малку да се подизлади, а за тоа време пригответе ја глазурата: 50 г темно чоколадо со висок процент на какао 85 % искршете го на коцки или исечете го со нож, додајте три супени лажици или слатка павлака.




Загрејте во микробранова печка или на многу тивок оган додека да се растопи чоколадото. Глазурата нанесете ја врз оладениот колач и израмнете ја површината. Оставете малку да се стегне, а ако вр се брза можете веднаш да ја послужите. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.