Измешајте неколку состојки и ќе добиете превкусен чоколаден колач за кој не треба многу работа. Со години го правам, и додавам по 1 мала тиквичка во него, во замена на банана. Тиквичката заменува јаболко, банана, а најчесто не се ни чувствува во колачот ако така сте си ја замислиле, како јас на почетокот.
Некои луѓе претпочитаат да ги лупат тиквичките за да избегнат зелени дамки во финалните печива (иако со чоколадните рецепти, сепак нема да забележите) или да ја избегнат текстурата на кората. Целосно зависи од вас. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г црно чоколадо (75% или 85%), 100 г путер, 1 тиквичка (150 г), 3 јајца, 40 г шеќер (кафеав или бел), прстофат ванилин шеќер или екстракт од ванила, 50 мл овесно млеко (може и обично), 120 г палента или пченкарно брашно, 60 г брашно од бадем, 30 г какао и 1 мала лажичка прашок за печиво.
ПОСТАПКА: чоколадото растопете го со путерот настрана на пареа или директно на рингла. Потоа тргнете од рингла и оставете настрана да се олади. Во посебен сад скршете ги трите јајца, додајте го шеќерот, заедно со ванилиниот шеќер или екстракт од ванила. Изрендајте ја тиквичката сосе лушпа (не прави никаква промена на колачот) и соединете ја со смесата од јајца и шеќер.
Додајте млеко и состојките инкорпорирајте ги со лесно мешање на шпатулата. Потоа додајте го млекото. Ако сакате колачот да биде здрав ставете овесно млеко или некое друго. Додајте го пченкарното брашно и уште малку брашно од бадем (или некое друго лесно брашно). Полека измешајте да се соединат состојките без да се формираат грутки.
На крајот се додава какаото и прашокот за печиво. Целата смеса се соединува, а потоа се додава и растопеното чоколадо. Во огноотпорен сад, обложен со хартија за печење (мојот е со димензии 21х21 см) излејте ја смесата и колачот ставете го на печење.
Се пече во претходно загреана рерна на 150 степени, 20-25 минути, додека внатрешноста убаво да се испече (може да проверите со чепкалка). Важно е рерната да биде ставена да пече на опцијата за циркулирачки воздух.
Во некои рерни можеби печењето ќе оди поспоро во зависност од јачината на рерната, но толку време отприлика е потребно за да се испече. По печењето колачот се остава да излади, па се сече на коцки и се послужува. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.