Ако ги обожавате тиквичките, а згора на тоа ги сакате и уштипците, тогаш ова е совршена комбинација за вас. Сè се прави за кратко време, а резултатот е совршен. Откако еднаш ќе ги пробате, овој рецепт ќе ви стане редовен. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 тиквица со средна величина, 2 јајца, околу 20 лажици брашно (сами ќе оценете), 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 2 супени лажици кисела павлака, малку ситно сечкан кромид (не мора ако не го сакате), сул, сув зачин, црн пипер, свеж магдонос, свеж босилек, сè по вкус
ПОСТАПКА: Тиквичката убаво измијте ја и ако е млада не ја лупете. Потоа изрендајте ја, посолете ја со една лажичка сол и оставете ја 20-тина минути за да излезе сокот од неа. Потоа исцедете ја најдобро преку цедалка и добро, колку можете посилно исцедете ја.
Во подлабок сад искршете две јајца и убаво изматете ги со виљушка. Потоа додајте ја убаво исцедената тиквичка и промешајте. Во брашното додајте го прашокот за печиво, промешајте и во смесата додајте десет лажици брашно.
Додајте 2 супени лажици кисела павлака, малку мелен пипер, 1/3 лажичка сув зачин, околу една супена лажица ситно сечкан кромид и околу една супена лажица ситно сечкан свеж магдонос и босилек. Добро измешајте за да се изедначат состојките.
Потоа започнете постепено да го додавате остатокот од брашното за да ја оцените густината и да утврдите колку точно брашно ви е потребно. Јас употребив вкупно 20 лажици брашно, но оваа количина може да варира во зависност од големината на јајцата или тиквичката.
Во тава на оган ставете да се загрева околу 100 мл масло на најсилно, но штом започнете со пржење, намалете на умерена температура. Чинијата во која ќе ги вадите уштипците обложете ја со хартиени салветки за да се впие вишокот маснотија.
Со лажица вадете од мекото тесто и спуштајте ги уштипците во врелото масло. Пред секое црпнување натопувајте ја лажицата во маслото. Уштипците се пржат кратко, по неколку минути од двете страни додека да заруменат. Деталите од постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.