Здраво на сите, денес ќе ви презентирам еден испробан рецепт за оброк кој го пpименив на себеси. Се состои од разновиден зеленчук, туна од конзерва и варени јајца, многу е зacитен и неверојатно вкусен. Изобилува со витамини и минерали, па долго ве одржува cити и немате потpeба за дополнително грицкање.
Овој лесен оброк, може да го наречете и оброк-салата е идеален за сите кои се на диета, бидејќи може да замени и главен оброк. Наместо туна од конзерва може да користите каква било риба по ваш избор или бело месо. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г зелена салата – марула (или зелка или мешавина од темнолистест млад зеленчук), туна риба од конзерво со или без масло (може и риба по избор), 1 голем морков, 4 јајца, 180 г (една чаша) густ јогурт или кисела павлака, сол, сенф, лимон, масло
ПОСТАПКА: Добро измијте една главица зелена салата од приближно 400 г. Марулата се мие лист по лист под млаз ладна вода. Исцедете ги од вишокот вода, наредете ги лист врз лист, па исечкјате ги на тенки лентички.
Сечканата марула ставете ја во некој голем и длабок сад во кој лесно ќе можете да ја промешате заедно со другите состојки кои се додаваат. Одберете една конзерва риба и додајте ја во салатата.
Ние одбравме „мексиканска салата со туна“. Наместо риба може да ставите варено просо, хељда или јачмен (овие житарици совршено одговараат во комбинација со марулата). Потоа земете еден голем морков или два помали и изрендајте го во садот.
Четири јајца тврдо сварете ги (од моментот на зовривање оставете ги да се варат 7 минути, а потоа оставете ги малку во ладна вода), излупете ги и ситно исечкјате ги на коцки, па додајте ги во мешавината.
Во посебен сад ставете 180 г густ „грчки“ јогурт/кисела павлака или кисело млеко, па додајте една лажичка сол, една лажичка сенф, 2 лажички свежо исцеден сок од лимон (може и повеќе, по вкус), 2 лажички растително масло (може и маслиново).
Добро промешајте додека сите состојки да се поврзат и соединат во еднолична смеса. Вака приготвениот „дресинг“ прелијте го врз салатата и лесно промешајте за да се распореди рамномерно. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.