Рецепт на Ивана. „Денес подготвувам еден многу вкусен ручек кој на сопругот му е омилен. Не се сеќавам каде го видов овој рецепт, но знам дека откога првпат го направив сопругот беше воодушевен и ми ги даде најубавите комплименти досега, како да сум подготвила златно јадење.




Питите се омиленото предјадење на сите македонски домаќинки, гордост на свечената трпеза, но и одличен појадок или вечера за сите најмили. Питите може да се приготвуваат со домашно влечено тесто, но исто така, многу се вкусни и питите со готови кори, како што е оваа. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пита, 500 г бело месо, 500 г моркови, 2 главици кромид, сол, црн пипер, сув зачин (вегета), 150 мл масло. За премачкување: 2 јајца, 1 лажица брашно, 50 мл масло, 400 г кисело млеко (може и кисела павлака или јогурт), 100 мл млеко и 1 лажичка прашок за печиво (5 г или 1/2 кесичка).




ПОСТАПКА: Пред подготовка пилешкото месо секогаш измивајте го со ладна вода, а потоа оставете го да се исцеди и пребришете го со хартиена салветка за да се извлече влажноста од него. Потоа сомелете го или исечкајте го колку можете поситно.




Морковите подгответе ги на вообичаен начин: измијте ги со ладна вода, излупете ги со ноже за лупење компир, па изрендајте ги на крупната страна од рендето, или пак, ситно исечкјате ги (како вам повеќе ви одговара).




Кромидот исто така, треба што поситно да го исечкате. најпрво запржете го кромидот во тава на загреано масло. Потоа додајте го ренданиот морков и донстајте додека и морковот да омекне и да го обои маслото портокалово.




Најпосле додајте го иситнетото бело месо. Зачинете со сол и црн пипер, а по желба додајте и зачински билки по вкус. Потребно е да го издинстате месото со непрекинато мешање за да се разделат парчињата, сè додека тоа да побели.




ЗА ПРЕЛИВ: Во посебен сад изматете ги јајцата, па додајте го киселото млеко или павлаката разматена со млеко или јогурт. Додајте и 50 мл масло за готвење, 100 мл млеко и една до врв полна супена лажица брашно.




Добро изматете додека да се изедначат сите состојки и да добиете мазна смеса без грутчиња. На крај додајте една лажичка прашок за печење, а доколку е потребно додајте уште малку млеко за да добиете густина на јогурт.




Плехот каде што ќе ја печете питата премачкајте го со масло и одозгора ставете една кора. Премачкајте ја со преливот, па ставете втора кора и повторете ја постапката. Врз третата кора распоредете фил и така продолжете да редите додека да ви се потроши материјалот.




Вака наредената пита исечете ја на коцки и одозгора рамномерно прелијте ја со остатокот од мешавината. Оставете да ја впијат течноста додека рерната се загрева на 220 степени. Потоа ставете да се пече околу половина час или додека убаво да зарумени. Послужете ја топла или ладна, многу е вкусна.