Ова е еден брз и многу лесен рецепт за пита со тиквички која е многу вкусна. Има преубав декоративен изглед, јас одлучив да ја правам како предјадење за идните празници, а може да се подготвува за појадок, ручек или вечера.
Рецептот е навистина без грешка, не можам да се пожалам на ниедна постапка, а и состојките се дозирани во правилна количина. Да беше некоја друга пита, ќе си ја правев по сопствен вкус, но на оваа не можам да и најдам замерка. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 тиквица (200 г), сол, 2 јајца, 150 г кисела павлака, 150 г рендан кашкавал или сирење (по ваш избор), 3 лажици пченичен гриз, 500 г готово лиснато тесто, 1 жолчка за премачкување, уште 100 г кашкавал на ленти.
ПОСТАПКА: тиквицата се лупи од лушпата, па на најкрупниот или средишниот дел од рендето се ренда целата. Се става во еден сад и се посолува, па со раце малку се замешува за насекаде да се распореди солта. Оставете тиквицата малку да отстои додека да почне да ги пушта своите сокови.
Потоа земајте дел по дел од ренданите тиквички и цедете ги низ рака на неколку пати, па префрлете ги во друг чист и сув сад. Во него додајте 2 јајца, 150 г павлака, 150 г рендан кашкавал и 3 лажицу пченичен гриз. Со лажица соединете ги состојките лесно за да не се направи каша од сите состојки.
Земете едно лиснато тесто и поставете го на набрашнета површина. Исто така набрашнете ја малку и оклагијата, па развлечете го тестото на сите страни што повеќе можете. Кога ќе биде доволно тенко, поделете го на два еднакви делови.
Првата половина од тестото ставете ја на плех со иста големина кој сте го обложиле со хартија за печење. Одозгора премачкајте со филот кој претходно го подготвивте и добро распоредете го насекаде низ кората. Потоа одозгора покријте со второто тесто кое треба убаво да го наместите да го покрива целиот фил.
Залепете ги двата краеви на долното и горното тесто, нешто како вртена пита, па средишниот дел премачкајте го со разматеното јајца. Направете резови со нож на средина, дијагонално, прво од едната па од другата страна и во нив наредете 100 г кашкавал сечкан на ленти.
Кашкавалот е потребно да го вметнете помеѓу деловите кои ги пресековте. Питата е готова, само треба да се стави на печење. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, додека да порумени одозгора, а внатрешниот дел може да проверите со чепкалка дали е печен. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.