Сарделите се најпопуларното цвеќе во нашата област. Скоро и да нема куќа, тераса која е украсена со сардели. Цветовите од сарделите се лесни за одледување, не се многу скапи и ги украсуваат балконите, прозорците, тремовите и градините. Тие сакаат светли места, заштитени од пладневното сонце.




Оптимална температура за одгледување е од 10 до 27 степени. Она што е интересно за сарделите е тоа што, тие на 10 степени влегуваат во фаза на мирување и може да преживеат доста долго, но во тој период не растат и не цветаат. На температура повисока од 30 степени влегуваат во хибернација.

На температура пак, под 10 степени, тие пpoпаѓаат. Полевањето на сарделите треба да биде редовно, но умерено. Неопходно е билките да имаат доволно влага, за да не свенуваат листовите, но не смеат ни премногу да се полеваат, за да не cкапе коренот.




Летно време можете да ги прскате сарделите со отстојана вода, но доколку ноќите се студени, тогаш ова не се препорачува. Користете саксии кои имаат дупчиња на дното, односно кои имаат добра дренажа, бидејќи сарделите не сакаат влажно тло.




Кон крајот на септември би требало да се отстранат сите цветови, и свежите и свенатите, за да се сочува енергијата на билката. Зимно време треба повремено да се полеваат, еднаш на 15 денови или еднаш месечно, и да не се прихрануваат сè до март.




На почетокот од пролетта треба да се поткастри 20-30 % од сарделата, а потоа треба да се полеат. После 2-3 седмици пресадете ги во нова земја. Постепено зголемувајте ја водата за полевање и започнете со прихранување. Сарделите садете ги во веќе приготвена мешавина од земја. Одлична прихрана за сарделите е раствор од вода и јод.




Пожелно е редовно, но умерено полевање со обична вода. Коренот не треба постојано да биде во вода, бидејќи тоа ќе предизвика негово тpyлење и развој на болести. Повремено треба да се оросуваат нивните листови. Овие сардели треба редовно да се прихрануваат со ѓубриво богато со азот и железо.




Некои луѓе повремено (еднаш неделно) ги наводнуваат сарделите со млеко, бидејќи на тој начин го потхрануваат и обезбедуваат добро цветање и му обезбедуваат подобра апcopпција на хранливите материи од почвата. Млекото ги содржи потребните минерали како калиум, калциум, фосфор и магнезиум.




Бидете внимателни при нивното пресадување, бидејќи нивните корења не толерираат премногу влага и затоа е важно дренажата во почвата да е добра, а тоа ќе го постигнете, на пример, со мешање на почвата со камчиња и поставување на дренажен слој на дното од садот.




Напролет сарделите треба да се прихрануваат, а тоа може да го направите со природен раствор од 2 состојки. За цвеќиња кои успеваат само во алкална почва како што се хортензии, бегонии, гераниуми и сардели можете да ги поттикнете да цветаат одлично со користење на сода бикарбона.

Меѓутоа, пред да употребите сода бикарбона мора да бидете сигурни дека почвата не е веќе алкална, туку кисела. А тоа ќе го проверите многу лесно и едноставно: во неколку садови ставете по малку земја од неколку места во бавчата или каде планирате да садите.

Во еден сад со земја ставете оцет, па доколку започне да се создава пена, тоа значи дека земјата е алкална, односно дека има рН над 7, и оваа земја не треба да ја третирате со сода бикарбона. Доколку нема никаква реакција, тогаш земете друг примерок и во него ставете сода бикарбона и малку вода. Доколку земјата започне да пени, значи дека е кисела и оваа земја можете да ја третирате со сода бикарбона.

разни видови сардели




Само растворете една лажица сода бикарбона во литар вода пред да им го дадете нивниот редовен „пијалак“ кој ќе поттикне бујни цветови, а вашата градина ќе изгледа разновидна од нивните бои. За да ви бидат доматите уште послатки, само наросете сода бикарбона во земјата околу нив. Искуства од тие што пробале да ставаат сода бикарбона на нивните саксиски цвеќиња:




„Бидете сигурни да користите безалуминиумска сода бикарбона. Ако не сте сигурни во нејзиниот квалитет, не треба да ја користите доколку истата може да им наштети на цвеќињата на долгорочен план, особено ако прихранувате некои зеленчуци кои потоа треба да ги јадете.”

„Содата е одлична за овие цвеќиња, особено помага да не се развијат фунгални бактерии кои може да ги овенат сарделите. Само би препорачала да ја знаете киселоста на почвата пред да ја користите, бидејќи ако е алкална, може да ги исуши цветовите“.