Со хартија за печење се обложуваат тепсиите и плеховите за да не се запечат колачите при печењето, но и полесно да се измие садот после тоа. Особено компирчињата испечени врз ваква хартија се многу повкусни и покрцкави од вообичаено.
Меѓутоа, се чини дека хартијата за печење има мултифункционалност и може да има бројни други намени освен онаа првиќната, пишува НМД. Ќе ви откриеме 10 нови начини како да ја искористите хартијата за печење, а кои ќе ви го олеснат животот и ќе ги елиминиpaат малите пречки кои никој не знае како да ги поправи.
ГЛАНЦАЊЕ НА ЧЕШМИТЕ: Со хартијата за печење едноставно можете да ги изгланцате чешмите после што добиваат неверојатен сјај. Со самото гланцање хартијата ги отстранува сите дамки од бигорот, а тенкиот слој од восок што го има врз самата хартија, ќе овозможи привремена заштита од појава на нови дамки.
ОБЛОЖЕТЕ ГИ ПОЛИЦИТЕ. Поставете хартија за печење на највисоките полици во кујната каде се собира прашина и се лепи маснотијата од готвењето. Овој дел од полиците најтешко се чисти, а собира најмногу нечистотија.
Затоа, на неколку месеци менувајте ја хартијата со нова, па ќе се изненадите колку нечистотија ќе има нафатено на нив. Исто така, оваа хартија може да послужи за обложување на фијоките и внатрешните полици во кујнските плакари.
ИСЧИСТЕТЕ ГО ПОДОТ. Наместо крпа употребете хартија за печење на подот, па изгланцајте го на вообичаен начин. Ќе ја соберете целата нечистотија и дополнително ќе го светнете подот, бидејќи ќе се обложи со тенок слој восок што се содржи на хартијата.
ИСЧИСТЕТЕ ЈА ПЕГЛАТА. Ако пеглата ви се залепила, направете го следното: на хартија за печење наросете сол и кога пеглата ќе се згрее до максимум, лесно втријте додека да се отстрани сета нечистотијата.
ИСЧИСТЕТЕ ГО ОТВОРАЧОТ ЗА КОНЗЕРВИ. Хартијата за печење е обложена со восок кој ќе се префрли на сечилото на отворачот и ќе го исчисти доколку е нечист, а дополнително ќе го обложи и на тој начин ќе го заштити од ‘рѓа и ќе го „подмачка“ за отворање без напор.
ДА НЕ ЧКРИПИ ВРАТАТА. Доколку вратата чкрипи бидејќи „запнува“ при затворање и отворање, едноставно со помош на хартијата за печење истријте ги ивиците и сите делови кои се нерамни ќе се обложат и полесно ќе се затвораат и отвораат.
ОДГЛАВЕТЕ ГО ЗАГЛАВЕНИОТ ПАТЕНТ. Доколку забележите дека патентот на јакната или чантата се заглавува некаде, истријте го со хартија за печење и подмачкајте ги запците. Ќе биде како нов.
ОБЛОЖЕТЕ ГИ ПОЛИЦИТЕ ВО ФРИЖИДЕРОТ. Особено последната полица на која најмногу се таложи нечистотија. Хартијата за печење е идеална за обложување на полици и фиоки, дури и во фрижидерот. Ќе ги заштити полиците доколку нешто се истури, доволно за да не мора да го избришете целиот фрижидер, туку само заменете ја хартијата.
ИСЧИСТЕТЕ ГИ МЕТАЛНИТЕ ШИПКИ. За полесно да се лизгаат прстените на завесата за туширање, истријте ја шипката со хартија за печење и на овој начин подмачкајте ја и избришете ја од прашината што се залепила со текот на времето. Применете го истиот принцип на чистење прашина на шипките во плакарите. Со полирање тие повторно ќе заблескаат.