98 годишник го хоспитализирале поради корона, се збогувале со него, но тој за 3 дена оздравел

Британецот Џек Боуден (98) е најстариот пациент во Британија која го победи корона вирусот. Лекарите го сметаат за феномен.

Ветеранот од Втората светска војна и фармацевт, кој за време на војната бил ангажиран во масовното производство на пеницилин, бил тестиран позитивно на Ковид-19.

Резултатите ги добил на 18 март кога за првпат ги почувствувал симптомите на болеста.

Loading...

Боуден кој сега е прадедо, после тестирањето бил примен во болница, од каде бил отпуштен за само три дена (минатата сабота), бидејќи неговиот имунолошки систем успеал да се избори со опасниот вирус без потешки компликации.

Откако го отпуштиле од болницата тој се вратил во својата куќа во Болтон.

Неговиот најмалд син Марк (58) изјавил дека, кога дознал за татка си дека е позитивен на корона вирусот, му напишал проштално писмо, не ни помислувајќи дека еден стогодишник би можел да преживее така опасна болест.

Мислев дека повеќе никогаш нема да го видам. Му нашпишав емотивно писмо во кое се збогував од него”, изјавил Марк, синот на Џек.

Сепак, во петокот Марк добил известување од болницата за здравствената состојба на неговиот татко, со кое се потврдувало дека тој е многу подобар, дека имал лесна респираторна инфекција и дека веќе следниот ден ќе можат да го отпуштат од болницата на домашно лекување.

Loading...