Статистиките велат дека околу 5-10% од жените во светот имаат проблем со појава на влакненца околу брадавиците, што значи дека станува збор за прилично вообичаен феномен.

Влакната на аеролата, односно на кругот на кожата околу брадавицата на дојката, се сосема нормална појава.

Поради тоа не треба жените да се плашат и да мислат дека нешто не е во ред со нивните гради. Тоа е само една од површините на кои можат да се појават влакна.

Научниците откриваат дека околу 5-10% од жените во светот имаат проблем со појава на влакненца околу брадавиците, што значи дека станува збор за прилично вообичаен феномен.

Добрата работа е тоа што влакната на дојките се сосема безопасни, а можат нежно да се отстранат со пинцета или пак да се скратат со ножички.

– Влакната се нормална појава, но не смеат да бидат многу густи и големи. Доколку забележите нешто вакво тоа значи дека веднаш треба да се преземат мерки, бидејќи станува збор за сериозно заболување, т.е. хормонална нерамнотежа, обично поради големо ниво на тестостерон, или пак последица на полицистичен синдром на јајниците.

Исто така важно е влакната на дојките да не се отстрануваат додека жените дојат, бидејќи така ќе спречат појава на инфекција, – пишува во соопштението на британските научници.

Зошто овде растат влакна?

Ако имате само неколку влакна, веројатно се појавиле поради некои хормонални промени, а причината може да биде и бременост или менопауза.

Некои лекови исто така можат да предизвикаат прекумерен раст на влакната, како што се тестостерон, даназол, анаболни стероиди, глукокортикоиди, циклоспорин, миноксидил и фенитоин.

Ако имате многу влакна, можеби имате хирзутизам, клиничка сотојба која предизвикува прекумерно растење на влакна кај жените.

Хирзутизмот може да се пренесе генетски, или може да биде знак за посериозна болест, како синдром на полицистични јајници.

Сепак, синдромот на полицистични јајници е редок, и зафаќа само 5 до 10 % од жените во светот.

Како да се отстранат влакненцата од брадавиците?

Овој „проблем“ за некои жени е навистина кошмар. Бидејќи станува за многу чувствителен дел од телото, доколку се одлучите да ги отстраните влакненцата од него, мора да бидете многу внимателни.

Постојат неколку методи кои можете да ги користите:

• Пинцета

Можете да ги вадите влакненцата поединечно со помош на пинцета. Методот е ефикасен бидејќи влакното се отстранува од фоликулот што значи дека нема да расте на истото место некое време.

• Депилација

Бара исто така внимателност, но со депилацијата ќе скратите на време. Жените најчесто ги отстрануваат влакненцата околу ореолот на овој начин.

• Бричење

Бричењето со помош на жилет бара малку поголема внимателност, бидејќи лесно може да дојде до повреда на брадавицата. И најмали посекотини може да предизвикаат инфекции.