Utqiaġvik, Алјаска (попознат како Barrow), е лоциран северно од Арктичкиот круг. Се работи за 11-тата најсеверна населба во светот, а најсеверен град во рамките на САД.

Земајќи го тоа во предвид, лесно е да се претпостави дека во Barrow немате многу избор на ресурси во форма на намирници и разни други артикли, барем не локално произведени. Напротив, добар дел од купувачкиот избор е резултат на увоз. А тоа значи (многу) поскапи цени. Ролна тоалетна за 52 денари (2.60 долари) поскапи. Пакување од 3 кондоми за 680 денари (13 долари) поскапи.

Или еве млеко – 3.7 литри (1 галон) за 520 денари (10 долари). Водата исто – еден галон за 9.5 долари… Еден домат – околу 200 денари (нешто под 4 долари).

Повелете на видео-тура во маркет еквивалентен на Wallmart во најсеверното Алјасканско гратче. Ве очекуваат уште многу други астрономски цени, како и големото финале.