ЖЕНСКАТА СРЕЌА се крие во хармонијата на домот, а за оваа билка се верува дека токму таа го носи мирот и спокојството, но и среќата за жените…

Се верува дека ако ова цвеќе и го подарите на девојка која не е мажена, таа за многу кратко време ќе си го среди животот. А доколку и го подарите на мажена жена – таа многу брзо ќе забремени и ќе добие бебе.

Од многу одамна постои верување меѓу жените дека оваа билка смирува брачни кавги и нетрпеливост во домот, односно ја решава семејната идила, особено љубовната.

Жените кои ја поседуваат и ја одгледуваат, кај кои цвета и се развива – носи среќа. Затоа оваа билка е идеална за подарок на женскиот пол.

Иако можеби делува на излитена приказна, многумина се увериле во нејзината точност.

Важно е да се верува, да се набави ваква билка или да се подари некому, да се полева редовно и да се одгледува со љубов. Немате што да изгубите освен што ќе добиете хармонична среќа во вашиот дом.

Инаку Спатифилум има способност да ги елиминира штетите зрачења од мониторите и ТВ екраните и да ги намалува штетните испарувања на хемиските средства во домот, бојата од ѕидовите и мирисот на новиот мебел. 

Правилно одгледување на растението 

Декоративниот Спатифилум одлично ќе напредува доколку не е изложен директно сонце, студен ветар и на провев.

Bo зима, ова растение бара умерена температура што не треба да биде пониска од 15 Целзиусови степени 

Ова растение ја сака влагата, па така ужива кога го прскате co вода. Тоа редовно мора да добива вода, a за време на интензивниот раст треба да се залева најмалку три пати седмично. 

Кога мирува од септември до јануари, билката треба поретко да се залева но никако да се дозволи коренот да се исуши комплетно.