Различни авторитети препорачуваат одбегнување на алкохол, кофеин, поизводи од полномасно млеко, јајца, пржена храна, црвено месо, сол и шеќер.

Постојат билки кои можат да помогнат во лекувањето на ендометритисот:

СОЈА (Glycine max) и останатите мешунки. Многу авторитети од природната медицина восхитено ги прифаќаат производите од соја за лекување на ендометриозата и останатите болести поврзани за естрогенот, особено карциномот на дојка. Оваа билка содржи соединенија кои по составот се слични на естрогенот: генистин и даиџин. Овие фитоестрогени спречуваат апсорпција на штетните облици естроген кои можат да циркулираат низ крвта. Превземајќи го местото на естрогенот, се врзуваат за рецепторските пунктови на естрогенот во клетките и на тој начин го спречуваат врзувањето на штетниот естроген. На овој начин тие го штитат организмот и другите загадувачи кои можат да го имитираат естрогенот.

Генистинот кој е значително поактивен од даиџинот, го содржат и другите мешункасти растенија. Така на пример, пинто гравот има скоро идентично количество на генистин и даиџин , исто како сојата. Некои пак мешункасти зеленчуци, не содржат даиџин во високи концентрации како што се: жолтиот сушен грашок, црниот грав, мунго гравот, црвениот грав и црвената леќа, но содржат висок процент на генистин, а некои од нив дури и повеќе од сојата.

Затоа на болните со ендометритис им се препорачува да јадат што повеќе мешункасти зеленчуци.

 ЛЕН (Linum usitatissium). Лененото семе содржи големи количества лигнани, соединенија која го контолираат ендометриумот и ракот на дојката. Лигнаните се фитоестрогени кои делуваат како силни антиоксиданси. Најмногу се содржат во лененото семе и сусамот, а други извори се и житарките (најмногу во ’ржот, пченица, јачмен и овес), сојата, мешункастиот зеленчук, потоа брокулата и зелката и некои овошја, особено кајсиите и јагодите.

Лененото семе особено се препорачува на лица кои не се вегетаријанци, затоа што консумирањето на месо значително го намалува нивото на лигнаните.

КИКИРИКИ (Arachis hypogaea). При анализата на кикириките е откриено дека тие содржат многу здрави супстанции кои исто така можат да се најдат во сојата и мешункастиот зеленчук. Тенката црвена опна со која се обвиени кикириките е првобитниот извор на олигомерните проантоцијанидини, кои ги конролираат хормоните и нивната нерамнотежа која доведува до евентуален карцином и ендометриоза. Овие кондензирани танини можат да се најдат во семето од грозје, модрите сливи, семките од бор, смрекинките и др.

ЛУЦЕРКА(АЛФАЛФА)(Medicago sativa). Иако поради нејзината високо протеинска содржина и големо количество на диетални влакна, првенстено се користи како добиточна храна,  во последните години се користи во нутриционизмот како додаток на храната за луѓето. Изобилува со каротеноиди и висок процент на калиум и фосфор. Поради ова луцерката се користи во салати, а достапна е исто така, и во дехидрирана состојба.

Луцерката одлично делува при ендометриоза, поради фитоестрогените кои ги содржи, меѓутоа, треба да ја одбегнуваат луѓе кои имаат лупус, или имаат фамилијарна историја на оваа болест.

НОЌНА ЈАГЛИКА (Oenothera biennis). Изобилува со гама-линоленска киселина и триптофан , а маслото добиено од ова растение најмногу се користи за предменстуалниот синдром, за нега на кожата, лекување модринки, егзема и побрзо исцелување на рани од кожата. Некои експерти од природната медицина го препорачуваат маслото од ноќна јаглика, не само за општата здравствена состојба на жените, туку и при лекувањето на ендометриозата.