Повеќето жени се плашат кога ќе забележат дека дојките не им се иста величина.

Една од првите асоцијации е дека станува збор за некаков деформитет, а потоа следи и страв. Меѓутоа, асиметричниот граден кош е целосно нормална состојба.

Уште нешто: не постои жена чии што гради се потполно иста величина. Кај повеќето жени оваа разлика во величината е толку незначителна, што не ја ни забележуваат, или пак ќе ја забележат дури при многу внимателниот самопреглед.

Но, разлика постои кај секоја жена. Меѓутоа, понекогаш се случува оваа разлика да биде малку поголема, па дури и за цел број на корпите.

Не само што дојките не се иста величина, туку ни брадавиците не мора да бидат исти.

Повторно, ни овде нема место за паника, единствената причина за загриженост е доколку на едната или двете брадавици дојде до нагли промени, бидејќи таквите нагли промени може (и не мора) да бидат знак за тумор на дојка.

Доколку нееднаквоста на дојките ви пречи во естетска смисла, тоа може да се реши со вметнување на влошка во една од корпите на брусхалтерот.

Доколку едната дојка е барем за половина корпа поголема:

Доколку едната дојка е барем за половина корпа поголема, жените некогаш размислуваат и за операција, било да ја намалат едната дојка или другата да ја зголемат со вградување на имплант.
Во таков случај би требало да поразговарате со гинекологот за можните ризици од операцијата, бидејќи може да се случи да останат трајни лузни или да дојде до губиток на чувствителноста.

Едно време се веруваше дека дојките со нееднаква величина го загрозуваат здравјето на жените, односно, дека од рак на дојки најчесто заболуваат жени со асиметрични гради.

Меѓутоа, истражувањето кое довело до таков заклучок било направено врз многу мал број испитаници, па не може да се земе како релевантно.

Повеќето лекари сметаат дека асиметричните гради не претставуваат ризик за заболување од канцер на дојка.

Значи, ако градите ви се видливо асиметрични, без страв! Тоа не е ненормално – здрави сте. Сепак, можете да ја промените состојбата, доколку тоа го сакате.