Девица

Работата секојдневно се зголемува. За ваша среќа, денешните обврски ќе ви причинуваат задоволство и нема да чувствувате замор. Денес е можна финансиска добивка од хонорарна работа.

Партнерските односи ги држите под контрола и не дозволувате ништо да ви ја наруши хармонијата која ја имате.

Обидете се да се опуштите и да не дозволите еден член на семејството да ви се замеша во плановите. Доколку сте осамени, можни се интересни контакти преку работа.

Овен

Партнерот денес ќе биде со променливо расположение. Во првата половина од денот ќе биде мрачен и таинствен, а попладне сосема ќе се смени и ќе делува како друга личност.

Ќе забележите дека му поминала депресивната фаза и конечно и вие ќе можете да се орасположите. Денес ќе добиете вест и дека средствата кои ви беа блокирани ќе пристигнат во некој од наредните денови.

Јарец

Денес ќе ви пристигне мал прилив кој ќе ви ја врати самодовербата. Ќе забележите дека и членовите на вашето семејство ќе сакаат да се вклучат во решавањето на вашите финансиски проблеми.

Тие ќе ви предложат некои невообичаени методи кои со долгорочна примена би дале одлични резултати. Можеби нивните размислувања ви изгледаат авангардни, но вреди да се обидете.

Бик

Биковите се материјалисти и претпочитаат удобност. Тие прво се сакаат себеси, па парите, а се останато може да почека.

Од љубов кон успехот и удобниот живот, во состојба се да се трудат до невидени размери, се со цел да успеат и да направат сериозни пари. Тие им се силен мотив уште повеќе да се залагаат на деловен план.

Со оглед на тоа дека со овој знак управува Венера, неговите очекувања се реални и секогаш се обидува да ги постигне. Она што е добро кај нив, она што ќе го добијат го споделуваат со најблиските.